Гевгелија
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога, приведени две лица
Published
1 година agoна
By
Media PressНа 14.03.2023 во 15.45 часот во Гевгелија полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода К.П. (42) од Гевгелија и М.У. (42) од село Богородица. При претрес на домот на К.П. извршен со судска наредба биле пронајдени растителна и прашкаста материја, како и дигитална вага. М.У. бил затекнат заедно со К.П. при купопродажба на дрога.
За настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по негово целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Струмица.
Поврзани содржини
Пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис кај лице од струмичко село
Во казино во Гевгелија починала жена од Република Грција
Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите
Билјана Ванковска од Гевгелија: Нема повеќе попуштање кога се во прашање националните интереси
Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем водостопански проект изграден во државата во последните 20 години
Приведени три лица од Струмица, кај нив била пронајдена дрога
Гевгелија
Во казино во Гевгелија починала жена од Република Грција
Published
1 недела agoна
мај 10, 2024By
Media PressНа 09.05.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во казино во Гевгелија била пронајдена почината Е.С.(69) од Република Грција. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција , информира СВР Струмица.
Гевгелија
Билјана Ванковска од Гевгелија: Нема повеќе попуштање кога се во прашање националните интереси
Published
1 месец agoна
април 9, 2024By
Media PressПретседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска, вчера беше во посета на Богданци и Гевгелија.
На средбата Ванковска беше придружувана и од носителот на ИЕ 4, советникот, Сашко Јанчев.
Билјана Ванковска од Гевгелија: Нема повеќе попуштање кога се во прашање националните интереси и дека сите штетни политики по националните интереси ќе бидат поништени.
Носителот на ИЕ 4, Јанчев, истакна дека април и мај се историски месеци во кои народот од Гевгелиско и Богданско правеле историски и судбоносни потези во корист на македонскиот народ и држава.
Затоа не се сомневаме дека и овој мај и април народот од Југот согласно своите традиции повторно ќе донесе историски исправна одлука во овие критични денови за Македонија и ќе ги казни оние кои триесет години ја раскрчмуваат Македонија.
Гевгеличани на плоштадот во Гевгелија ја изразија целосната поддршка и порачаа дека мудроста на Ванковска и младоста и силата на Левица се иднината и спасот на Македонија.
После средбата со граѓаните, Ванковска и Јанчев, положија цвеќе на споменикот на гевгелиските евреи кои биле депортирано од бугарскиот фашистички окупатор и на Спомен костурницата на гевгелиските борци од НОВ.
Гевгелија
Исчезнало лице од Гевгелија, случајот пријавен во полиција
Published
2 месеци agoна
март 15, 2024By
Media Press На 14.03.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.З.С.(44) од Гевгелија пријавила дека од јули 2023 година од домот се оддалечил нејзиниот братучед Р.М.(46) од Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.