Гевгелија
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога, приведени две лица
Published
1 недела agoна
By
Media Press
На 14.03.2023 во 15.45 часот во Гевгелија полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода К.П. (42) од Гевгелија и М.У. (42) од село Богородица. При претрес на домот на К.П. извршен со судска наредба биле пронајдени растителна и прашкаста материја, како и дигитална вага. М.У. бил затекнат заедно со К.П. при купопродажба на дрога.
За настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по негово целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Струмица.
Поврзани содржини
Гевгелија со најголем број странски туристи и ноќевања
По неколкугодишна пауза, „КАЛИНКА“ повторно ќе запее во Гевгелија
Туристичките потенцијали на Гевгелија претставени на 44 Саем за туризам во Белград
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Гевгелиските пожарникари се вратија од спасувачка мисија од Турција
Изведбени работи за затворање и ревитализација на старата депонија во Гевгелија
Гевгелија
Гевгелија со најголем број странски туристи и ноќевања
Published
3 недели agoна
март 7, 2023By
Media Press
Во Гевгелија, минатата година биле остварени 47.637 ноќевања, главно, странски туристи, поради што е еден од најпосетуваните градови во Македонија, со најмногу туристички ноќевања.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во Гевгелија секој месец престојуваат по неколку илјади туристи, од кои повеќето се странски. Лани, во јуни се евидентирани 3.276 странски туристи, кои реализирале 5.671 ноќевања. Во јули, минатата година, имало 4.827 странски туристи, кои оствариле 7.703 ноќевања од странски гости. Додека во август се регистрирани 2.608 странски посетители, а бројот на ноќевања е 5.125. Најголемиот број од нив се Грци, кои традиционално доаѓаат секојдневно, но се поголем е бројот на српските туристи, кои на пат за Грција во текот на летните месеци задолжително остануваат во Гевгелија.
Затоа, и Гевгелија, годинава, по вторпат се претстави на 44. Меѓународен саем за туризам во Белград, Република Србија, ја презентираше својата туристичка понуда под слоганот Gevgelija Spice up the journey.
Според градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, целта на локалната самоуправа е, заедно со туристичките чинители, да привлече што поголем број посетители.
„На оние кои застануваат, на својот пат кон и од Грција, треба да им се понудат можности да го продолжат својот престој. Не само да ноќеваат, туку и да ги запознаат туристичките погодности на поднебјето. Затоа, и посебно внимание и труд, посветивме на туристичкиот идентитет на Гевгелија. Бидејќи, со дефинираната туристичката платформа, всушност, ги утврдивме нашите натамошни активности. Промоцијата на туристичките потенцијали на вакви саемски манифестации е една од нашите приоритетни активности“, вели градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
Гевгелија
По неколкугодишна пауза, „КАЛИНКА“ повторно ќе запее во Гевгелија
Published
3 недели agoна
март 2, 2023By
Media Press
По неколкугодишна пауза, во Гевгелија, од оваа година се возобновува Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“, еден препознатлив гевгелиски музички бренд.
По тој повод, на прес- конференција за организацијата и активностите околу одвивањето на Фестивалот зборуваа градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, уметничкиот директор Александар Стојанов и директорката на Дом на култура „Македонија“, м-р Мирјана Крстева Массетти. Притоа, најавија дека на возобновениот Детски музички фестивал, во месец мај, во Народниот театар во Гевгелија, ќе продефилираат дваесеттина млади пеачи од земјата и странство.
„Со огромна чест и задоволство ја поддржав иницијативата, како и сите натамошни активности за возобновувањето на овој детски фестивал, бидејќи тоа не само што го бараа граѓаните на општина Гевгелија, туку и поради фактот што Гевгелија и „Калинка“ имаат богата традиција. Првиот фестивал се одржа во 1992 година и во текот на изминатите години испиша богата музичка историја со над 500 исполнети детски песни. „Калинка“ стана своевиден гевгелиски музички бренд, познат не само на домашната туку и на меѓународната јавност“, истакна градоначалникот Андон Сарамандов, посакувајќи им на организаторите успешен фестивал и што поуспешна презентација на Општина Гевгелија преку вакви и слични културни настани.
Имено, Советот на Општина Гевгелија, на предлог на Градоначалникот на општината, во рамките на Програмата за финансиска поддршка на културни проекти и манифестации во 2023 година, додели 500.000 денари за возобнување на Детскиот музички фестивал „Калинка“.
Уметничкиот директор на фестивалот, Александар Стојанов, најави дека на аудицијата за „Калинка 2023“ се пријавиле 120 деца од 3 до 12 години, како солисти и членови на детскиот хор. На фестивалот ќе бидат изведени 20 новокомпонирани детски песни од гевгелиски автори, но и автори кои дале белег на фестивалот во минатото, како: Томислав Таневски, Кристијан Габровски, Нада Ристова, Ристо Самарџиев и други.
Фестивалот ќе се одржи на 19 и 20 мај, а предвидена е и голема денска забава на плоштадот во Гевгелија , на 21 мај, со почеток од 12 часот.
Гевгелија
Туристичките потенцијали на Гевгелија претставени на 44 Саем за туризам во Белград
Published
3 недели agoна
март 2, 2023By
Media Press
Општина Гевгелија и годинава повторно учествуваше на 44 Меѓународен саем за туризам во Белград, Република Србија, кој се одржа од 23 до 26 февруари. Преку новата туристичка платформа беа претставени туристичките потенцијали на Гевгелија.
„Директно беа остварени средби со голем број потенцијални и заинтресирани туристи. Минатата година, првите чекори беа направени со присуство на 43. Меѓународен саем за туризам. Изминатиот период, Градоначланикот заедно со сите чинители во Гевгелија посветија посебен фокус за да Гевгелија го создаде својот туристички идентитет. Исто така, Гевгелија годинава беше единствената општина која се претстави со свое туристичко лого „Gevgelija Spice up the journey“, соопштуваат од општината.

Туристичкиот идентитет на Општина Гевгелија е основниот предуслов за поголема туристичка промоција и поголема искористеност на туристичките капацитети и потенцијали. Голем дел од изработените промотивни материјали, кои вклучуваат: маици, флаери, брошури, сувенири, магнети, беџови и промотивни торби, биле дел од понудата за овогодинешниот Саем.
Гевгелија е погранично место низ кое поминуваат голем број транзит туристи. Целта на Локалната самоуправа е заедно со туристичките чинители да привлече што поголем број посетители. А, на оние кои застануваат да им се понудат потенцијали да го продолжат својот престој.

Денеска во Струмица, превентивни активности во рамки на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“

Улицата „Видое Смилевски Бато“ во Радовиш, конечно е асфалтирана, 25-годишен проблем на граѓаните

Вчера во СРЦ „25 Мај“ се одиграа полуфинални дуели во машка категорија од одбојкарскиот куп на Македонија

Апликацијата МОЈДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник
