Радовиш
Забавен детски парк со современи реквизити, изграден во село Аликоч, донација од рудниците Бучим и Боров Дол
Published
2 недели agoна
By
Media PressДенеска свечено беше пуштен во употреба нов забавен детскиот парк со современи реквизити, во село Аликоч, донација од рудниците Бучим и Боров Дол, а во соработка со Општина Радовиш и градоначалникот Ацо Ристов.
Радоста на децата беше најголема потврда колку вакво детско катче им било потребно. Градоначалникот Ристов се надева дека вакви проекти ќе се реализираат и во другите населени места за подобар живот на граѓаните.

„Ова е цолосна донација од рудниците Бучим и Боров Дол, во заедничка соработка се договоривме да го реалзиравме овој проект за подобро услови за живот и забава на децата. На радост на најмалите, денес на месното население им ја предаваме оваа донацијата на комбинирана детска лизгалка која се наоѓа во кругот на училишнот двор. Во ваков парк тие досега можеа да си играт само во градот, сега го имаат и во нивното место“, рече градоначалникот Ристов.

Од рудниците Бучим и Боро Дол задоволни од радоста на дечињата, велат дека ќе останат секогаш партнери на Општина Радовиш и на локалните заедници. Оваа донација е вредна околу 20 илјади евра.
Ваков детски парк за прв пат е изграден во село Аликоч за што од името на граѓаните од ова населено место, упати благодарност до донаторите и до градоначалникот Ацо Ристов, советникот Енис Омер.
Поврзани содржини
Изграден новиот детски парк на просторот позади Основниот суд во Радовиш
ЈП Плаваја ги отстрани паднатите дрвја во детскиот парк во Радовиш
Активно се работи на изградбата на новиот детски парк позади Основниот суд во Радовиш
ОДРЖАН СОСТАНОК СО ЖИТЕЛИТЕ ОД КОЏАЛИЈА И АЛИКОЧ
Детското катче во центарот на Гевгелија е проширено, обновено и збогатено со нови играчки
Радовиш
Улицата „Видое Смилевски Бато“ во Радовиш, конечно е асфалтирана, 25-годишен проблем на граѓаните
Published
22 часа agoна
март 24, 2023By
Media Press
Денеска беше асфалтирана улицата „Видое Смилевски Бато“ во Радовиш, после двеипол децении чекање и молење до надлежните служби, од страна на граѓаните кои што живеат на оваа улица. Тие денеска со неверување го гледаа асфалтирањето.
Градоначалникот Ацо Ристов вели дека ова е историски момент за овие граѓани. Како општина издвоиле околу 120 илјади евра од Буџетот на Општина Радовиш за изградба на улицата.

„Коментарите на граѓаните беа дека, еве после двеипол децении конечно доаѓаат до современа и модерна улица по сите стандарди. Денеска се става вториот слој асфалт на улицата и со ова покажуваме дека ние тоа што ќе го ветиме и го правиме“, рече градоначалникот Ристов.

Истовремено како што рече Градоначалникот Ристов се продолжува работата и на улицата -обиколница која ќе се спои со „Видое Смилевски Бато“ и тогаш ќе се доасфалтира оној дел од околу 20-тина метри кој сега останува неасфалтиран на крајот од улицата.
Граѓаните не го криеја задоволството од изградбата на нивната улица бидејќи како што велат, многу кал изгазиле на оваа улица и при најмал дожд. Многу ветувања речиси пред секои избори, но ниту едно не било исполнето, се досега.

„Се додека не замириса на асфалт, неверувавме дека ќе биде асфалтирана нашата улица, но еве се случи после 25 години“, велат дел од граѓаните.
Улицата е во должина околу 500 метри, со тротоари кои се спојуваат со дворовите пред куќите со што оваа населба добива нов и современ изглед.

Радовиш
Вчера во СРЦ „25 Мај“ се одиграа полуфинални дуели во машка категорија од одбојкарскиот куп на Македонија
Published
23 часа agoна
март 24, 2023By
Media Press
Од вчера започна одбојкарскиот куп на Македонија кој се одржува во Радовиш. Во СРЦ „25 Мај“ се одиграа полуфинални дуели во машка категорија од одбојкарскиот куп на Македонија.
Градоначалникот Ацо Ристов ги повика радовишани да го проследат овој несекојдневен спортски настан во спортската сала во Радовиш.

Победници во полуфиналето се: Одбојкарски клуб „Струмица Никоб“ и Градски одбојкарски клуб „Борец“ од Велес. Финалето е утре, Сабота во 13:00 часот.
Денес во 17:30 часот ќе се одиграт полуфинални дуели во женска категорија.


Радовиш
Тренчевска оствари средба со жени во Радовиш од различна етничка припадност
Published
2 дена agoна
март 23, 2023By
Media Press
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна и со жени во Радовиш од различна етничка припадност како и жени кориснички на услуги и права од Центрите за социјална работа.
Заедно со директорот на Центарот за социјална работа во Радовиш, Александар Филев и претставниците на Министерството за труд и социјална политика и жените од Радовиш во рамките на кампањата „Гласна и храбра“ се развило дискусија за секојдневните предизвици во општината.
Жените кои беа присутни на дискусијата беа активно вклучени и несебично ги раскажаа предностите и предизвиците на секојдневниот живот во Радовиш. Темата беше во насока на начинот на живот на радовишани, можностите за вработување во општината како и можностите за доквалификација и преквалификација. Од страна на Министерката за труд и социјална политика беше истакната важноста на економското зајакнување и менталното здравје, таа ги поттикна жените кои досега не биле во работен однос да се охрабрат и да се вклучат на пазарот на труд. Како што Тренчевска објасни на средбата од особена важност е финансиската стабилност во поодминати години од животот. За таа цел беа дискутирани новите можности за вработување кои ги нуди Европа како и усогласувањето на законските регулативи на нашата држава за да може соодветно да одговориме на тие можности.
На крајот од средбата беше отворена и темата за предучилишното воспитание и за важноста од раниот детски развој. Министерката ги посоветува присутните дека од особена важност е децата Роми да бидат вклучени во предучилишните установи подеднакво како и другите деца. Тренчевска посочи и на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки“ кој несомнено придонесе во поголема вклученост на децата во предучилишното образование и воспитание.


Денеска во Струмица, превентивни активности во рамки на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“

Улицата „Видое Смилевски Бато“ во Радовиш, конечно е асфалтирана, 25-годишен проблем на граѓаните

Вчера во СРЦ „25 Мај“ се одиграа полуфинални дуели во машка категорија од одбојкарскиот куп на Македонија

Апликацијата МОЈДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник
