Македонија
Со мартовската исплата пензиите ќе се зголемат за 8,4%
Published
2 недели agoна
By
Media Press
Со мартовската исплата пензиите ќе се зголемат за 8,4% согласно одлуката на Владата, од март 2022 година,а согласно новата методологија за усогласување на пензиите, известува Министерството за труд и социјална политика.
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се предвиде нов начин на усогласување на пензиите, при што за пресметката се зема растот на трошоците на живот и растот на просечната плата. Со овој начин се овозможува реален пораст на пензиите во однос на платите, односно како што ќе порасне просечната плата, во континуитет ќе растат и пензиите. Усогласувањето се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во висина од 50%.
Пензијата се усогласува на 1 март и на 1 септември секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во РСМ во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи.
Усогласувањето на септемвриските пензии кои се исплатија со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот односно усогласувањето беше во висина од 6.8%, (порастот на плати 6,6% а порастот на трошоци за живот 6,9%) со што просечната пензија од 16.348 денари се зголеми на 17.666 денари.
Усогласувањето на мартовската пензија ќе биде зголемување за 8,4 % (пораст на плати 6,1 и пораст на трошоци за живот 10.6%) со што просечната пензија од 17.666 ќе се зголеми на 19.150 денари, соопшти МТСП.
Поврзани содржини
Министерката за труд и социјална политика Тренчевска оствари средба со пензионери во Радовиш
Пензионерите со пониски пензии утре ќе ја добијат втората исплата од финансиската поддршка
Започна исплатата на финансиска поддршка, кој се ќе добие помош од Владата?
Голем интерес од страна на пензионерите во Радовиш, да си го проверат своето здравје
ЗПОРК од Радовиш беше домаќин на пензионерската манифестација „Ревија на музика песна и игри“
Здружението на пензионери од општините Радовиш и Конче и годинава ќе додели 80 прехранбени пакети
Македонија
Апликацијата МОЈДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник
Published
1 ден agoна
март 24, 2023By
Media Press
Управата за јавни приходи ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека е извршено нејзино прилагодување согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во „Службен весник на РСМ“, бр.65/2023 на 23.03.2023 година.
Ова значи дека сите корисници на Мој ДДВ, ќе треба да ја превземат новата верзија на апликацијата од Playstore, Appstore и Huawei appgallery. Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај.
Во моментов апликацијата МојДДВ, ја користат 523 673 граѓани a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се вратени близу 6 милијарди денари.
Македонија
Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за казнетите во корона периодот
Published
2 дена agoна
март 23, 2023By
Media Press
Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од Кривичниот законик, за време на пандемијата од Ковид-19, паричната казна или казната затвор да им се замени со алтернативна мерка условна осуда.
Согласно овој закон, лицата чија парична казна изнесува над 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор, ќе добијат условна осуда од три години, додека оние лица што чија парична казна изнесува до 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор ќе добијат условна осуда од две години, рок во кој не смеат да сторат ново кривично дело.
По три, односно две години условна осуда ќе добијат и лицата што отплатиле дел од паричната казна над 1.000 и до 1.000 евра, со што се ослободуваат од плаќањето на останатиот дел од паричната казна, доколку не сторат ново кривично дело.
Во периодот од 1 јануари 2020 година до 30 јуни 2022 година се осудени 1.223 лица на парична казна од по 123.000 денари. Согласно законските прописи доколку во рок од 2 години изречените парични казни не се намират, судијата за извршување на санкции со решение ги заменува со казна затвор. Заради неплаќање на паричната казна Основниот кривичен суд има донесено заменски решенија со кои спрема 280 лица паричната казна е заменета со казна затвор. По истите овие решенија издадени се 205 упатни акти за издржување на казна затвор.
Потребата од уредување на оваа состојба е наметната од големиот број на вакви предмети во Основниот кривичен суд Скопје. За да се надмине ова состојба за оваа категорија на осудени за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик, парична казна, или заменета на парична казна со казна затвор, согласно одредбите од овој закон ќе се замени алтернативна мерка условна осуда.
-Со законот не се предвидува амнестија за правни лица и одговорните лица во правни лица осудени со правосилна пресуда на парична казна, за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик.
Амнестијата постои и се применува во многу европски држави, а во нашата држава од моментот на нејзиното осамостојување донесени се повеќе закони за амнестија.
Преку амнестијата се овозможува на брз и ефикасен начин во одредени случаи да се исправат судските грешки. Корекцијата на судската одлука можат да ја налагаат и други државно-правни и општествено-политички причини, а не е реткост во една поинаква општествено-економска констелација, довчерашното општествено опасно дејствие да ги изгуби најсуштествените карактеристики и преку амнестијата најбрзо да се поништи осудата, велат од Кабинетот на Пендаровски.
Македонија
ИНТЕГРА застанува против донесувањето на Предлог – Законот за родова еднаквост
Published
2 дена agoна
март 23, 2023By
Media Press
ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија недвосмислено застанува против донесувањето на трагичниот Предлог – Закон за родова еднаквост.
„Во континуитет, уште од 2019 година
јавно, јасно и експлицитно предупредуваме на погубните последици од носењето на
едно такво законско решение, по идните генерации.
Предлог- Законот за родова еднаквост прикриено овозможува замена на
терминот пол со терминот род, и се доаѓа до крајната цел – релативизирање на
половите. Родовиот идентитет овозможува личноста да се идентификува како маж
или жена независно од биолошкиот пол, што доведува до сериозен атак посебно врз
децата и семејството. Аргументацијата на власта дека станува збор за
определување на социјална положба преку избор на род е невидена небулоза и
скриена политика на поништување на природниот поредок на човештвото.
Кога и да си поигрува човекот со нешто што не е негово дело, резултатот е
неизбежно катастрофален. Родовата еднаквост што агресивно се промовира е скриена политичка агенда на глобалистички центри на моќ и т.н.
“длабока држава“, која има за крајна цел да го поништи бракот и семејството,
што само по себе води кон дехуманизација и депопулација на населението“, стои во реакцијата на ИНТЕГРА.
„Ги повикуваме сите политички партии – парламентарни и
вонпарламентарни, сите здруженија на граѓани и целиот невладин сектор кој стои
на конзервативните и традиционални вредности, потоа МПЦ-ОА и останатите
Христијански цркви и верските заедници, јавно, јасно и експлицитно да се
изјаснат против ваквите погубни процеси по иднината на нацијата и државата.
Истовремено, ги повикуваме пратениците во Собранието на Македонија да се
изјаснат против ваквото законсско решение и да го повлечат истото од
понатамошна процедура, независно од потпишаната Истанбулска конвенција и досега
преземените обврски на било кое ниво на извршна власт“, додаваат од ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија

Денеска во Струмица, превентивни активности во рамки на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“

Улицата „Видое Смилевски Бато“ во Радовиш, конечно е асфалтирана, 25-годишен проблем на граѓаните

Вчера во СРЦ „25 Мај“ се одиграа полуфинални дуели во машка категорија од одбојкарскиот куп на Македонија

Апликацијата МОЈДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник
