Connect with us

Македонија

Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 отсто, цените ќе се замрзнат

Avatar

Published

на

Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 отсто и нивните цени ќе се замрзнат, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Со одлуката за тестенините се опфатени макароните и шпагетите. За овие продукти се укинуваат и увозните царински давачки од 13 март до 31 мај 2023 година. Одлуката, пак, за млечните производи која ќе биде во сила од 17 март до 31 мај 2023 година се однесува на трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт.

-Се намалува продажната цена на тестенини, макарони и шпагети, за 15 отсто или во просек за осум до девет денари. Се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти од 13 март до 31 мај 2023 година. Се замрзнуваат и цените на млечните производи: трајно кравјо млеко 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт. Цените се намалуваат за десет отсто, а одлуката важи од 17 март – 31 мај 2023 година, рече Ковачевски.

прикажи повеќе
Advertisement

Избори 2024

Гордана Силјановска Давкова: На оваа ужасна пирамида македонска, на врвот има неколку проценти пребогати луѓе, а долу останаа осиромашените

Avatar

Published

на

Професорката Гордана Силјановска Давкова во своето обраќање пред граѓаните на Велес рече дека е време да разбудиме по нешто од илинденците во секој однас.

„Народот се осиромаши, оваа транзиција како да нема крај, Македонија стана држава на социјални случаи мора да ставиме крај на тоа. Нема да дозволам носење на закони спротивни на уставот. Нам ни требаат добри закони со кои ќе ги решаваме вашите проблеми. Законот е во сверата на заштитата на јавното добро. Станаа пребогати на оваа ужасна македонска пирамида на врвот има неколку проценти пребогати луѓе, ја нема интелегенцијата и средниот слој, долу останаа осиромашени граѓани, истакна Давкова пред граѓаните на Велес.

Таа додаде дека мора да се стави крај на зависносто судство, устаниот суд да ги штити уставот и законите, претседателто мора да знае дека веотото нее украс туку треба да се употреби кога е потребно. Таа праша колку пати претходниот претседател го употребил правото на вето?

Прочитај повеќе

Избори 2024

Пендаровски од Гостивар: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество

Avatar

Published

на

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар.

Пред присутните Пендаровски потсети на резултатите постигнати во изминатите пет години како враќањето на слободата и демократијата, градењето модерно општество на еднакви граѓани и напредокот во евроинтегративниот процес.

Пендаровски посочи дека по членството во НАТО, се случи напредок и во процесот на интеграција кон ЕУ, кој сега е блокиран поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот однос кон меѓународните договори што ја гарантираат евроатлантската интеграција на државата.

„Што нуди ВМРО-ДПМНЕ во однос на договорите што нѐ вратија во нормалниот цивилизиран свет? Нудат поништување. Кога ќе ги прашате што после тоа поништување, велат повторно ќе почнеме да преговараме. Имаат ли гаранции дека некој од надвор од големите сили ве поддржува за тоа повторно да го преговарате и да го доведете до исход кој е добар за народот и државата? Немаат. Немаат еден докажан пријател, партнер од големите сили, како што имавме ние. Сите овие договори што ги споменувам и со Грција и со Бугарија и со Европа се направени со огромна поддршка и помош од Америка, од Германија, Франција, од големите меѓународни сили. Тие немаат ниту еден и затоа кога доаѓаат пред вас ви кажуваат дајте ни власт па од 9 мај ќе ви кажеме кои се нашите планови. Тоа е крајно несериозно“ порача Пендаровски.

Затоа, додаде тој, уште на 24 април потребна е масовна мобилизација и заокружување на бројот еден со што напредокот на државата ќе продолжи.

Пендаровски во своето обраќање пред граѓаните порача и дека е крајно време за да се испита потеклото на имот на сите судии и обвинители, но и на политичарите, почнувајќи од него, а оние за кои ќе се утврди дека за време на нивниот мандат несразмерно го зголемиле својот имот прво да ги вратат парите а потоа и да се соочат со затворски казни.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Димитриевски: Македонија заслужува претседател од граѓаните, кои го даваат легитимитетот за тој што ќе ги претставува и заштитува

Avatar

Published

на

Се одважив, влегов во оваа битка за иден претседател на државата затоа што сметам дека Македонија заслужува претседател од граѓаните, со граѓаните и за граѓаните. И затоа мојот приоритет во иднина ќе бидат единствено граѓаните, нагласи Максим Димитриевски, претседателски кандидат на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија синоќа во скопски Бутел.

„Ние водиме позитивна кампања, но за жал во делот на платената политичка програма не сме еднакви, истакна Димитриевски во изјава за медиумите.

„Фаворизирани се неколку кандидати, огромен тајминг и искрено жалам што граѓанте немаат можност да не видат на дебати. И господинот Пендаровски, а и госпоѓа Силјановска Давкова, бегаат за жал од дебати и јавно ги повикувам да се соочиме на дебати, да ги извадиме нашите програми пред граѓаните, не поради нас, граѓаните тоа го заслжуваат.Непосредниот избор на претседател е суверентитетот којшто граѓаните и го даваат на функцијата за да биде претседател на сите граѓани и да ги претставува истите и тоа и дава дополнителна сила на институцијата Претседател. Како демокрт, со демократски убедувања, секогаш сум подготвен да дебатирам и јавно да ги слушнам и останатите мислења во јавноста по однос на овој предлог но, сметам дека некој скриено се обидува да наметне еден нов наратив во државата со којшто ќе се редефинира карактерот на Македонија, од прост во сложен тип на државно уредување. Што за мене е неприфатливо!“истакна Димитриевски.

Прочитај повеќе