Радовиш
Во хуманата мисија за помош на малата Марија од Ораовица, радовишко, се вклучува и Женска акција од Радовиш
Published
7 месеци agoна
By
Media Press
Во хуманата мисија за помош на малата Марија од Ораовица, радовишко, се вклучува и Женска акција од Радовиш, со апел до сите хумани жени да помогнат колку што можат.
„ Хумани и прекрасни жени, Ве молам да и помогнеме на малата Марија од Ораовица на која и треба нашата помош и поддршка да има и таа среќно детство како сите дечиња и можете да донирате храна и облека за 12 годишното девојче Марија и нејзината мајка. (Ве молам само облеката да биде чиста и средена). Канцеларијата на Женска акција Радовиш е отворена секој ден од 09 до 15 часот и се наоѓа во просториите на Електротехничкиот факултет наспроти Стоковната куќа. Телефон за контакт 070 227 917“ стои во објавата од Женска акција.
Сторијата може да ја прочитате на следниот линк. https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=hCKAYFLh0QA…
Поврзани содржини
Радовиш
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.
„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.
Радовиш
Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.
На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.
Радовиш
Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.


Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Во понеделник координативен состанок на субјектите, учесници на манифестацијата “СAМУН ем ТАТЛИЈА 2023“ во Радовиш
