Connect with us

Регион

Приведено лице од Турција, криумчар на мигранти во близина на Богданци

Avatar

Published

на

На 12.03.2023 во 01.35 часот на раскрсница „Богданци“ од полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Стар Дојран е лишен од слобода О.Т.(24) од Р.Турција кој управувал патничко моторно возило „опел вектра“ со црногорски национални ознаки, a во кое превезувал три лица мигранти.

О.Т. е задржан во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка. За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштува СВР Струмица.

Регион

Пет пријави за физички напад за три дена

Avatar

Published

на

На 19.06.2024 во 00.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле С.М.(34) од село Ораовица, радовишко, затоа што на 18.06.2024 околу 23.00 часот во Радовиш физички ја нападнал Т.Т. од Радовиш. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.06.2024 во 13.40 часот во Полициското одделение Нов Дојран, И.П.(42) од Нов Дојран пријавил дека околу 13.00 часот ма ул.„Маршал Тито“ во Стар Дојран бил физички нападнат од Љ.Џ.(28) од Стар Дојран. Истиот ден, во 14.00 часот и Љ.Џ. пријавил дека околу 13.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Стар Дојран бил физички нападнат од И.П.. По целосно расчистување на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.06.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Струмица, М.И.(32) од Струмица пријавил дека околу 19.00 часот на ул.„Бетовенова“ во Струмица бил физички нападнат од А.А.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 17.06.2024 во 22.40 часот во Полициската станица Струмица, О.А.(21) од Струмица пријавил дека околу 19.30 часот на ул.„Бетовенова“ во Струмица бил физички нападнат од Т.Д.. Полициски службеници од Полициската станица Струмица преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.06.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„Шаин маале“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.А.(35) и К.Ј.(20), двајцата од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Прочитај повеќе

Регион

Физички напад, кражба, сообраќајна несреќа, се само дел од пријавите до СВР Струмица во текот на вчерашниот ден

Avatar

Published

на

На 29.04.2024 во 18.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ѓ.Д.(25) од Струмица. Тој  се сомничи дека истиот ден извршил кражба во магацин во село Дабиле, струмичко, при што одзел повеќе предмети. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото и кај него биле пронајдени украдените предмети, кои се вратени на сопственикот.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.04.2024 во 21.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во село Сретеново, општина Стар Дојран, патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин Р.Н.(70), удрило во паркирано патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки и во патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин А.Л.(61). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Н., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

На 29.04.2024 во 22.20 часот во Полициската станица Радовиш, Ѓ.А.(21) од Радовиш пријавил дека околу 21.00 часот на ул.„Блаже Конески“ во Радовиш бил физички нападнат од М.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.04.2024 во 21.50 часот во Полициската станица Струмица, Г.А.(38) од село Иловица, струмичко, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Е.А.(16). Според пријавеното, пријавителот се сомнева дека заминала заедно со Е.А. од село Иловица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 29.04.2024 во 21.30 часот во Полициската станица Струмица, В.Ѓ.(61) од село Василево, струмичко, пријавил дека околу 20.30 часот во продажен објект во село Василево бил физички нападнат од Љ.Н. и А.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.04.2024 во 22.15 часот во Полициската станица Струмица, Љ.Н.(35) од село Василево пријавил дека бил физички нападнат од К.„Н“.. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Регион

82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш

Avatar

Published

на

82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш, биле констатирани при спроведената акција на СВР Струмица во текот на вчерашниот ден.

Имено во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Струмица, 15 во Валандово и 10 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе