Василево
Заврши реновирањето на училиштето во Висока Маала
Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Заврши реновирањето на училиштето во Висока Маала со средства од Rumeli Türkleri Kültür ve Dayanışma Derneği од Турција и обезбедени средства од општина Василево, со што училиштето доби целосно нов изглед. Реновирањето на училиштето во Висока Маала опфати реконструкција на кровот, нови клупи, столови, нов под во училниците, нови училишни тоалети, нови печки за загревање на училниците.

На свечен начин, со сечење лента, во присуство на многу гости и претставници од донаторот – Културно хуманитарното здружение на Македонците од Румелија, беше пуштено во работа реновираното подрачно училиште „Атанас Нивичански“ во Висока Маала. Присутните ги поздравија претседателот на Здружение на Македонците од Румелија, Аднан Шахинлер, претседателот на Движењето за национално единство на Турците, Ердоган Сарач, Генералниот конзул на РСМакедонија во Истанбул, Актан Аго и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

„Поединецот за да биде корисен за семејството и државата потребно е да се образува. Огромна можност и предност е тоа што турските деца што учат во РМакедонија, учат на својот мајчин јазик“, рече генералниот конзул, притоа како во конкретниот случај, потенцирајќи го значењето и потребата од помош и поддршка од невладините организации и граѓаните.
Задоволство од реализацијата на проектот изрази и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој потенцира дека големината на проектот е во тоа што се работи за децата, за нивната иднина, и дека проектот е реализиран благодарение на воспоставената соработка со партнерите од Р.Турција, која се темели пред се на искрено пријателство и коректни партнерски односи.
Во овој објект настава посетуваат учениците од прво, второ и трето одделение, кои додека траеше реновирањето, учеа во две смени, заедно со учениците од четврто и пето одделение, во училишниот објект на влезот од населеното место.

Поврзани содржини
Во населеното место Сушево се асфалтира улица
Во недела ќе се одржи планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“
Општина Василево склучи меморандум за соработка, за реализација на Проект на УСАИД
ООУ „Гоце Делчев“, Василево го одбележа патрониот празник
Потенцијалите на општина Василево, презентирани пред дипломатскиот кор
Започна изградбата на фекална канализација во Василево, проект долгоочекуван од граѓаните
Василево
Во населеното место Сушево се асфалтира улица
Published
2 дена agoна
мај 30, 2023By
Media Press
Општина Василево денеска асфалтира улица во село Сушево која претставуваше деценисики проблем на граѓаните.
Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес беше во населеното место Сушево, каде присуствуваше на асфалтирањето на улицата чија изградба деновиве се одвиваше во континуитет.
Изградбата на оваа улица е планирана со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2022 година.
Улицата е со должина од 75 метри и ширина од околу 3,5 метри односно асфалт од 275 м2. Лоцирана е на почетокот од населеното место и ги поврзува жителите кои живеат покрај неа со главниот локален пат.
Средствата во висина од 334 508 денари се обезбедени од општинската каса.
Според информација од градоначалникот Андонов за утре е планирано асфалтирање на улицата во населеното место Едрениково, чија изградба исто така се реализира како дел од минатогодишната Програма за локални патишта и улици во општина Василево.

Василево
Во недела ќе се одржи планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“
Published
7 дена agoна
мај 26, 2023By
Media Press
Општина Василево и годинава ќе го поддржи одржувањето на планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“, кој го организира ЗПСК „Маратон“, од Струмица, информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по денешната средба што ја имаше со претседателот на ЗПСК „Маратон“, Ѓорги К`рмзов.
Според Програмата на организаторот маршот ќе се одржи во недела на 28.05.2023 година.
Сите заинтересирани учесници, во 07,30 часот треба да бидат на брана Турија, од каде што организирано се тргнува кон с. Нивичино. Се пешачи по следната маршута: брана Турија – Јурукова колиба – Павлова ливада – Железен дол. Пристигнувањето во Нивичино е планирано за околу 12,00 часот. За во 14,00 часот планирано е доделување на благодарници за учесниците, по што во 14,30 започнува враќањето кон брана Турија.
За сите учесници организаторот подготвува заеднички ручек. Учесниците треба со себе да понесат прибор за јадење и вода за пиење.
Патеката е средно тешка и е погодна за планинари на возраст од 07 до 77 години.
Заинтересираните за овој планинарски марш, неопходно е своето учество да го најават на телефонскиот број 071 253 203.
Планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“ е традиционален и годинава се одржува по 12-ти пат.
Василево
Чистење на дивите депонии низ наслените места во општина Василево
Published
1 недела agoна
мај 22, 2023By
Media Press
Чистење на дивите депонии низ наслените места во општина Василево.
ЈПКД „Турија“, во координација и соработка со општина Василево реализираше низа комунални активности, односно чистење на диви депонии и уредување на земјени патишта во повеќе населени места на општината. Исчистени се дивите депонии во населените места Чанаклија, Василево и Радичево. Пробиени и порамнети се неколку улици од наноси на земја и песок во населеното место Чанаклија.
„Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна заедница“, порача градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, споделувајќи ја информацијата за реализираните активности од страна на ЈПКД „Турија“, Василево, на социјалните мрежи.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Конче

МНР: Стапуваа на сила трите договори во рамки на Берлинскиот процес

Викендов, во Радовиш ќе се одржи МДФФ „ОРО ВЕСЕЛО“

Во недела во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил
