Регион
Вчера во Радовиш полициските службеници преку делење на летоци и цвеќе на жените возачи им го честитаа празникот
Published
2 недели agoна
By
Media Press
Вчера (08.03) полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај од Одделението за внатрешни работи Радовиш при СВР Струмица, во контекст на одбележувањето на 8-ми март – меѓународниот Ден на жената, на подрачјето на Радовиш спроведoa превентивна активност во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Полициските службеници преку делење на летоци и цвеќе на жените возачи им го честитаа празникот, со порака да продолжат да бидат одговорни возачи. Воедно укажаа на неопходноста од почитување на сообраќајните правила и прописи во интерес на општата сообраќајна безбедност.
Инаку вакви превентивни активности со делење на летоци беа спроведени и на подрачјата на Струмица, Гевгелија и Валандово.
Поврзани содржини
Приведени двајца разбојници од Радовиш, кај нив е пронајдена и бела прашкаста материја
Агресивно однесување од страна на Радовишани кон службените лица од Центар за социјални работи и полицијата
Вкупно 2 964 кандидати се пријавиле по објавениот конкурс за полициски службеници
Кривична пријава за примање поткуп за полициски службеници
Поднесена кривична пријава против струмичанец за криумчарење мигранти
Уапсен жител на с. Миравци под сомнение за кривично дело „фалсификување на исправа“
Регион
Денеска во Струмица, превентивни активности во рамки на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“
Published
21 час agoна
март 24, 2023By
Media Press
Министерството за внатрешни работи, а со тоа и Секторот за внатрешни работи Струмица денес започна со реализирањето на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“.
Во рамките на кампањата денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица со делење на летоци и непосреден разговор со граѓаните ја потенцираа пораката на оваа кампања дека полицијата постои за да биде во служба на заедницата, да креира побезбедни средини за граѓаните каде тие ќе чувствуваат поголема сигурност.
„Факт е дека граѓаните најдобро знаат со какви предизвици се соочуваат во заедницата во која живеат. Преку нивното идентификување, анализа и коренито решавање имаме за цел да влијаеме за долгорочно намалување на тие проблеми.
Станува збор за концепт кој го развиваме во последните неколку години, а за тоа говорат и бројните превентивни активности кои ги реализиравме на подрачјето, меѓу кои „застани разговарај“, „заштита од провални и дрски кражби“, „заштита од измами“, „стоп за возење под дејство на алкохол“, „паркирај совесно, паркирај одговорно“ и други.
Истражувањата и анкетите покажуваат дека довербата во полицијата расте, благодарение на зголемената ефикасност на полицијата и намалување на криминалитетот кое нешто го потврдуваат и податоците според кои:
– Во текот на 2022 година на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица биле пријавени 260 кривични дела „тешка кражба“, а бројот на овие дела во 2021 бил 299.
– Во текот на 2022 година на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица биле пријавени 98 кривични дела „ кражба“, а бројот на овие дела во 2021 бил 131.
– Во текот на 2022 година на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица биле пријавени 9 кривични дела „ разбојништво“, а бројот на овие дела во 2021 бил 19.
Во однос на откривачката дејност во текот на 2022 година реализирани се:
– 41 % од пријавените тешки кражби;
– 40 % од пријавените кражби и
– 100 % од пријавените разбојништва“, соопштува СВР Струмица
Во наредните саботи во Валандово, Радовиш и Гевгелија ќе биде реализирана кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“, со цел уште повеќе да ја доближиме полицијата до граѓаните, да градиме доверба и со меѓусебна соработка да ја зголемиме безбедноста, која е од заеднички интерес за сите нас, стои во известувањето до СВР Струмица.
Регион
Приведено лице од Турција, криумчар на мигранти во близина на Богданци
Published
2 недели agoна
март 13, 2023By
Media Press
На 12.03.2023 во 01.35 часот на раскрсница „Богданци“ од полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Стар Дојран е лишен од слобода О.Т.(24) од Р.Турција кој управувал патничко моторно возило „опел вектра“ со црногорски национални ознаки, a во кое превезувал три лица мигранти.
О.Т. е задржан во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка. За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштува СВР Струмица.
Регион
74 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица
Published
3 недели agoна
март 6, 2023By
Media Press
74 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица.
На 05.03.2023 во периодот од 12.00 до 18.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 74 пречекорувања на брзината, од кои 34 на подрачје на Радовиш, 24 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на Валандово и 4 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 38 прекршувања на брзината биле констатирани во населено место, а 36 надвор од населено место. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.

Денеска во Струмица, превентивни активности во рамки на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“

Улицата „Видое Смилевски Бато“ во Радовиш, конечно е асфалтирана, 25-годишен проблем на граѓаните

Вчера во СРЦ „25 Мај“ се одиграа полуфинални дуели во машка категорија од одбојкарскиот куп на Македонија

Апликацијата МОЈДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник
