Македонија
Вкупно 2 964 кандидати се пријавиле по објавениот конкурс за полициски службеници
Објавено на
Од
Media Press
Вкупно 2 964 кандидати се пријавиле за полициски службеници на последниот јавен конкурс на МВР објавен во декември лани, на кој треба да се вработат 600 полицајци. Од пријавената бројка 2 365 се мажи, а 599 се жени, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој денеска го посети Центарот за обука во Идризово каде почна процесот на фазна селекција на кандидатите.
„Оваа бројка што е далеку поголема од бројката на претходниот јавен оглас кога имавме вкупно 2 391 пријавен кандидат доволно говори како за евидентниот интерес кај младата популација за полициската професија така и за позитивниот имиџ на Министерството меѓу оваа категорија граѓани“, рече Спасовски.
Тој истакна дека сите овие млади луѓе во рамки на сеопфатниот концепт на проверки ќе минат најпрво физички, а потоа и психолошки проверки, па проверките на знаењата и безбедносните и здравствени контроли, притоа почитувајќи ги и нужните епидемиолошки, односно здравствени протоколи, така што до крајот на месец март, односно почетокот на април веќе ќе биде заокружен цел тој селективен процес со прецизно бодовно рангирање на сите кандидати.

По ова ќе следи процесот на избор на кандидати, согласно Законот за внатрешни работи 660 кандидати, односно за 10 проценти повеќе од предвидената бројка на барани извршители кои ќе бидат упатени на основна обука за полицаец, со потпишување на договори за отпочнување на едногодишната обука за полицаец.
„Потоа, преку теоретска и практична едукација во три образовни модули во траење од по четири месеци, како што налага стандардизираната процедура, преку рангирање ќе бидат избрани идните 600 полициски службеници на Министерството за внатрешни работи со кои што ќе склучиме договори за вработување на работна позиција приправник-полицаец, со обврска најмалку пет години да работат во Министерството за внатрешни работи“, истакна Спасовски.

Министерот Спасовски, изрази увереност дека целокупниот процес ќе биде заокружен согласно високите стандарди и критериуми пропишани за избор на најдобрите кандидати.
Поврзани содржини

Гевгеличанец агресивно се однесувал кон двајца полициски службеници, лишен е од слобода

Kривична пријава против поранешен министер за внатрешни за „злоупотреба на службената положба и овластување“

Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ ги доби изборите ветувајќи поништување на договорите со соседите, очекувам да го спроведат тоа

ОЈО Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Турција на Љупчо Палевски, осомничен за две убиства

Како дел од теренската активност на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ Спасовски беше во Општина Радовиш

Вчера во Радовиш полициските службеници преку делење на летоци и цвеќе на жените возачи им го честитаа празникот

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

