Радовиш
Симулациска вежба при пожар, рушевини и евакуација на лица од ООУ „Никола Карев“ во Радовиш
Published
3 недели agoна
By
Media PressСирените од противпожарните возила кои се слушаа денеска во Радовиш не беа поради предизвикан пожар, туку стануваше збор за организирана вежба во ООУ “Никола Карев“.
Територијална Противпожарна Единица (ТППЕ) во соработка со Црвен Крст- Радовиш и Итната медицинска помош при ЈЗУ,,Здравствен дом” Радовиш, изврши симулациска вежба пожар, рушевини од пожарот и евакуација на лица од централната зграда на ОУ „Никола Карев“. По звукот на сирените учениците за кратко време беа евакуирани од училиштето и построени во дворот за пребројување.

ТППЕ Радовиш изврши обука на вработените и учениците со цел правилно да постапат во случај на вакви видови опасности . Во вежбата беа вклучени околу 400 ученици, наставниците, административно-педагошката служба и техничкиот персонал. Свој придонес дадоа и волонтерите од Клуб на млади на ООЦрвен крст – Радовиш, преку симулирање на спасување и евакуација на повредени лица заедно со службата за Итната медицинска помош.

Вежабата е одржана на барање на училиштето а целта беше проверка на ефикасноста и функционалноста на планот за заштита и спасување во училиштата, увежбување на истите и отстранување на евентуалните недостатоци. Директорот на училиштето рече дека на првиот наставнички совет ќе ја анализираат вежбата, сите мали недостатоци да ги отстранат и при таква несакана ситуација да бидат подготвени. Истата генерално беше оценета како успешна.

Симулациски вежби со утврдено сценарио, понатаму, ќе бидат спроведени и во подрачните училишта на ООУ,,Никола Карев” Радовиш во с.Бучим, с.Тополница и с. Прналија.

Поврзани содржини
Регионален натпревар по математика денеска се одржа во ООУ „Никола Карев“-Радовиш
Ученици од ООУ „Никола Карев“ и корисниците на ДЦ Порака од Радовиш со заедничка работилница
Реализиран настан „Возење велосипеди – промовирање на велосипедот како превозно средство“ во организација на ООУ Никола Карев, Радовиш
Со пригодна програма за добредојде на првачињата започна првиот училишен ден во ООУ Никола Карев во Радовиш
Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар
Владата одобри влез и престој на странски вооружени сили во Македонија за учество во вежбата „Swift Response – 22“
Радовиш
Повреден мотоциклист кај Раклиш, радовишко
Published
5 дена agoна
март 20, 2023By
Media Press
На 19.03.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Р 1310, во село Раклиш, С.С.(34) од село Раклиш, управувајки мотоцикл „хамачи“ со радовишки регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С.. констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.
Радовиш
Во Радовиш, изложба на цртежи од ученици кои завршија основен прв курс по ликовно образование
Published
2 недели agoна
март 13, 2023By
Media Press
Викендот во Радовиш беше отворена изложба на цртежи од ученици кои завршија основен прв курс по ликовно образование. Бесплатникот тримесечен курс го организираше ДЛУР „Рада“ од Радовиш, а под покровителство на Општина Радовиш. Сите дела кои беа изработени од страна на младите ликовни таленти, во Саботата беа изложени во музејот на љубовта и уметноста.

Тримесечниот курс го завршија 28 ученици. Петседателот на ДЛУР „Рада“ Душан Коцев, заедно со уметникот Крсте Тарабунов ги воведоа уениците во уметноста, подучувајќи на разни техники и вештини во цртањето.
Присутните на изложбата освен од организаторите, беа поздравени и од градоначалникот Ацо Ристов, кој го поддржа беспалтниот курс и рече дека поддршката ќе продолжи и во иднина се додека има интерес кај учениците.

На изложбата беа доделени сертификати и на младите ликовни уметници и благодарници на градоначалникот Ацо Ристов на Крсте Тарабунов и на Душан Коцев како подучувачи на младите уметници и на ДЛУР „Рада“ за организирањето на самата активност и иницијатива за одржување на бесплатен курс по ликовно образование.


Радовиш
На седница на Совет на Општина Радовиш донесени околу 50-тина предлог одлуки
Published
4 недели agoна
февруари 28, 2023By
Media Press
Советот на Општина Радовиш денеска ја одржа 26 седница со дневен ред од 45 точки и надополнување на дневниот ред со уште 7 точки. По однос на допуната на дневиот ред појаснување даде секретарот на Општината Љупче Почивалец.

По точката Советнички прашања, советниците не поставува прашања поради отсуството на градоначалникот Ацо Ристов, кој беше оправдано отсутен поради состанок на ЗЕЛС. На Седницата беше констатирана оставка на советничката Весна Конзулова, поради вработување во Општина Радовиш, по што беше изгласана и Предлог -одлуката за измена на одлуката за давање согласност на Годишниот план за вработување во Општина Радовиш, како следна точка од дневниот ред.
Меѓудругото на седницата беше изгласана и предлог измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, одржување на комунални објекти и локални патишта за 2023 година во Општина Радовиш. Потоа предлог измена и дополнување на годишната програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Радовиш како и Предлог – Одлука за определување и промена на имиња на улици, мостови и плоштади на подрачјето на Општина Радовиш.
Потоа беа изгласани и предлог одлуки за ко-финансирање на неколку проекти: „Енергетска ефикасност на јавни објекти во Југоисточниот регион“, изработка на „Техничка документација за нови регионални проекти“, „Кејска улица во ДУП УБ 15 Радовиш“, за „изградба на фекална канализациона мрежа во Карши маале во Подареш“, „Изградба на улица број 9 крак 1“ во село Ињево, „Изградба на мрежа за водоснабдување на на улица 5 и улица 6 во УБ 22 во Општина Радовиш“ и Изработка на урбанистичка планска документација за КО Козбунар“.
Во продолжение беа донесени и наколку Предлог – Одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичко планска документација за Катастарски Општина, Јаргулица, Подареш, Калуѓерица, Сулдурци, Дамјан, Бучим и КО Радовиш вон градежен реон.
Потоа беше донесен предлог одлуката за назначување управител на гробиштата во Радовиш и наслените места, како и воведување на комунална такса за управување и одржување на гробишта – гробна такса од 50 денари. На оваа седница беше изгласана и Предлог – Одлуката за воведување на солидарен фонд за помош при вршење на погребални услуги во висина од 90 денари.
На крајот беше изгласан Изјавата за основање на Друштво за производство на електрична енергија ЕЛРАД ЕНЕРЏИ ДООЕЛ, Радовиш, како и предлог одлуката за одобрување на финасиски средства како оснивачки влог на Општина Радовиш во висина од 5.000 евра и Предлог Одлука за избор на управител на Друштвото за производство на електрична енергија ЕЛРАД ЕНЕРЏИ ДООЕЛ, Радовиш.


Денеска во Струмица, превентивни активности во рамки на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“

Улицата „Видое Смилевски Бато“ во Радовиш, конечно е асфалтирана, 25-годишен проблем на граѓаните

Вчера во СРЦ „25 Мај“ се одиграа полуфинални дуели во машка категорија од одбојкарскиот куп на Македонија

Апликацијата МОЈДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник
