Гевгелија
Гевгелија со најголем број странски туристи и ноќевања
Published
9 месеци agoна
By
Media Press
Во Гевгелија, минатата година биле остварени 47.637 ноќевања, главно, странски туристи, поради што е еден од најпосетуваните градови во Македонија, со најмногу туристички ноќевања.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во Гевгелија секој месец престојуваат по неколку илјади туристи, од кои повеќето се странски. Лани, во јуни се евидентирани 3.276 странски туристи, кои реализирале 5.671 ноќевања. Во јули, минатата година, имало 4.827 странски туристи, кои оствариле 7.703 ноќевања од странски гости. Додека во август се регистрирани 2.608 странски посетители, а бројот на ноќевања е 5.125. Најголемиот број од нив се Грци, кои традиционално доаѓаат секојдневно, но се поголем е бројот на српските туристи, кои на пат за Грција во текот на летните месеци задолжително остануваат во Гевгелија.
Затоа, и Гевгелија, годинава, по вторпат се претстави на 44. Меѓународен саем за туризам во Белград, Република Србија, ја презентираше својата туристичка понуда под слоганот Gevgelija Spice up the journey.
Според градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, целта на локалната самоуправа е, заедно со туристичките чинители, да привлече што поголем број посетители.
„На оние кои застануваат, на својот пат кон и од Грција, треба да им се понудат можности да го продолжат својот престој. Не само да ноќеваат, туку и да ги запознаат туристичките погодности на поднебјето. Затоа, и посебно внимание и труд, посветивме на туристичкиот идентитет на Гевгелија. Бидејќи, со дефинираната туристичката платформа, всушност, ги утврдивме нашите натамошни активности. Промоцијата на туристичките потенцијали на вакви саемски манифестации е една од нашите приоритетни активности“, вели градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
Поврзани содржини
Гевгеличанец додека бил на лов се здобил со повреда од огнено оружје
2.300 вљубеници и истакнати спортисти во атлетиката дел од најмасовната атлетска трка во Гевгелија
Приведени две лица од Гевгелија за сторено кривично дело „разбојништво“
Во сообраќајна несреќа во гевгелиско, повредено едно лице
Позитивно решени над 5.300 барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти во Општина Гевгелија
Започнува аплицирањето за добивање субвенции за набавка на велосипед во Гевгелија
Гевгелија
Гевгеличанец додека бил на лов се здобил со повреда од огнено оружје
Published
3 недели agoна
ноември 13, 2023By
Media Press
Исто така вчера во 15.50 часот во Полициската станица Гевгелија, од Јавна здравствена установа Гевгелија било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен И.С.(56) од Гевгелија. Според пријавеното, тој се здобил со повредата истиот ден околу 13.00 часот додека бил на лов во атар на с.Кованев. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.
Гевгелија
2.300 вљубеници и истакнати спортисти во атлетиката дел од најмасовната атлетска трка во Гевгелија
Published
4 недели agoна
ноември 7, 2023By
Media Press
Гевгелија и годинава со Атлетската трка November run, во организација на Атлетскиот клуб „7 Ноември“, беше центар на најмасовната трка со што покажа дека е способна да биде успешен домаќин и организатор на светски спортски настан. За фактот дека од година во година оваа трка добива се поголемо реноме, зборува бројот на учесници – 2.300 вљубеници и истакнати спортисти во атлетиката од Македонија и 15 други земји, кои трчаа по гевгелиските улици, на трките на 5 и 10 км., детските трки и за првпат организираната инклузивната трка „Трчањето не познава граници“ и лиценцираната патека од Светската Атлетска федерација. Но, и признанијата од легендарниот македонски олимпиец, Шабан Трстена, кој беше специјален гостин на November run, како и од домашните и странски учесници, кои не го криеја своето задоволство од добрата организација и успешноста на настанот со објави и коментари на социјалните мрежи. Имено, на двете трки на 5 и 10 км., во машка и женска конкуренција учествуваа 1.100 натпреварувачи, меѓу кои и 60 натпреварвачи од 16 странски земји.
Дарио Ивановски од Скопје со време 30,16 минути и Греса Бакраги од Косово со време 34,54 минути на 10 километри први пристигнаа на целта и освоија златни медали и златни пехари на 3. маратон November run Gevgelija 2023.

Гевгелија
Приведени две лица од Гевгелија за сторено кривично дело „разбојништво“
Published
4 недели agoна
ноември 3, 2023By
Media Press
Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Д.Џ.(36) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „разбојништво“.
Д.Б. се сомничи дека на 31.10.2023 околу 20.30 часот во Гевгелија со помош на Д.Џ. и со употреба на сила одзела накит од жителка на Гевгелија.
По преземени мерки и активности, на 01.11.2023 двајцата биле лишени од слобода и во службен разговоро во полициска станица го признале делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
