Connect with us

Радовиш

Нов МАКОМ Супер Маркет во Радовиш, МАКОМ започнува нова приказна во градот

Avatar

Published

на

Под мотото „Го сакам Радовиш купувам во Маком“, време е за нешто уникатно, МАКОМ започнува нова приказна  во својот град Радовиш, со многу изненадувања за своите потрошувачи. Денеска беше големото отварања на новиот МАКОМ Супер Маркет на  Булевар „Александар Македонски“ во Радовиш со многу узненадувања и промоции за сите купувачи.   

 Големиот асортиман на производи кои ги нуди Маком,  на околу 400 метри квадратни продажен простор, сега е збогатен со бели печива, леб, торти и слатки, како и секаков вид на овошје. Секоја викенд, во Маком ќе можете да купите и свежа риба.

 „Немате потреба да се прашувата од каде, што да купите, отсега имате се на едно место, само посетете го Новиот Супер Маркет МАКОМ и сами ќе се уверите, порачува  тимот од лубезен персонал на Маком, искусни и професионални во својата работа.

Маком обезбедува и бесплатен паркинг простор на Булевар Александар Македонски, во рок од еден час, за своите купувачи, за да можат безгрижно да купуваат и да не се брзат.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Улицата „Видое Смилевски Бато“ во Радовиш, конечно е асфалтирана, 25-годишен проблем на граѓаните

Avatar

Published

на

Денеска беше асфалтирана улицата „Видое Смилевски Бато“ во Радовиш, после двеипол децении чекање и молење до надлежните служби, од страна на граѓаните кои што живеат на оваа улица. Тие денеска со неверување го гледаа асфалтирањето.

Градоначалникот Ацо Ристов вели дека ова е историски момент за овие граѓани. Како општина издвоиле околу 120 илјади евра од Буџетот на Општина Радовиш за изградба на улицата.

„Коментарите на граѓаните беа дека, еве после двеипол децении конечно доаѓаат до современа и модерна улица по сите стандарди. Денеска се става вториот слој асфалт на улицата и со ова покажуваме дека ние тоа што ќе го ветиме и го правиме“, рече градоначалникот Ристов.

Истовремено како што рече Градоначалникот Ристов се продолжува работата и на улицата -обиколница која ќе се спои со „Видое Смилевски Бато“  и тогаш ќе се доасфалтира оној дел од околу 20-тина метри кој сега останува неасфалтиран на крајот од улицата.

Граѓаните не го криеја задоволството од изградбата на нивната улица бидејќи како што велат, многу кал изгазиле на оваа улица и при најмал дожд. Многу ветувања речиси пред секои избори, но ниту едно не било исполнето, се досега.

„Се додека не замириса на асфалт, неверувавме дека ќе биде асфалтирана нашата улица, но еве се случи после 25 години“, велат дел од граѓаните.

Улицата е во должина околу 500 метри, со тротоари кои се спојуваат со дворовите пред куќите со што оваа населба добива нов и современ изглед.

Прочитај повеќе

Радовиш

Вчера во СРЦ „25 Мај“ се одиграа полуфинални дуели во машка категорија од одбојкарскиот куп на Македонија

Avatar

Published

на

Од вчера започна одбојкарскиот куп на Македонија кој се одржува во Радовиш. Во СРЦ „25 Мај“ се одиграа полуфинални дуели во машка категорија од одбојкарскиот куп на Македонија.

Градоначалникот Ацо Ристов ги повика радовишани да го проследат овој несекојдневен спортски настан во спортската сала во Радовиш.

Победници во полуфиналето се: Одбојкарски клуб „Струмица Никоб“ и Градски одбојкарски клуб „Борец“ од Велес. Финалето е утре, Сабота во 13:00 часот.

Денес во 17:30 часот ќе се одиграт полуфинални дуели во женска категорија.

Прочитај повеќе

Радовиш

Тренчевска оствари средба со жени во Радовиш од различна етничка припадност

Avatar

Published

на

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна и со жени во Радовиш од различна етничка припадност како и жени кориснички на услуги и права од Центрите за социјална работа.

Заедно со директорот на Центарот за социјална работа во Радовиш, Александар Филев и претставниците на Министерството за труд и социјална политика и жените од Радовиш во рамките на кампањата „Гласна и храбра“ се развило дискусија за секојдневните предизвици во општината.
Жените кои беа присутни на дискусијата беа активно вклучени и несебично ги раскажаа предностите и предизвиците на секојдневниот живот во Радовиш. Темата беше во насока на начинот на живот на радовишани, можностите за вработување во општината како и можностите за доквалификација и преквалификација. Од страна на Министерката за труд и социјална политика беше истакната важноста на економското зајакнување и менталното здравје, таа ги поттикна жените кои досега не биле во работен однос да се охрабрат и да се вклучат на пазарот на труд. Како што Тренчевска објасни на средбата од особена важност е финансиската стабилност во поодминати години од животот. За таа цел беа дискутирани новите можности за вработување кои ги нуди Европа како и усогласувањето на законските регулативи на нашата држава за да може соодветно да одговориме на тие можности.


На крајот од средбата беше отворена и темата за предучилишното воспитание и за важноста од раниот детски развој. Министерката ги посоветува присутните дека од особена важност е децата Роми да бидат вклучени во предучилишните установи подеднакво како и другите деца. Тренчевска посочи и на проектот „Инклузија на деца Роми  во јавните општински установи – детски градинки“ кој несомнено придонесе во поголема вклученост на децата во предучилишното образование и воспитание.

Прочитај повеќе