Connect with us

Радовиш

Ученици од СОУ “Коста Сусинов”- Радовиш, учествуваа во работилница на тема медиумска писменост, како дел од проектот BRAVE (ХРАБРИ)

Avatar

Published

на

Ученици од СОУ “Коста Сусинов” во Радовиш,  како дел проектот BRAVE (ХРАБРИ) денеска реализираа работилница на тема медиумска писменост. Овој проект за кој аплицираше и го доби во конкуренција меѓу 180 проектни идеи, го реалзира професорката Катерина Сусинова.  

Како што истакна Сисинова, професори од цел свет кои биле учесници во престижните програми за обуки и усовршување на наставници “Fulbright” имаа можност да аплицираат на “Global teacher Grant” – Глобалниот грант за наставници, преку кој може да ги реализираат своите идеи во вид на проекти, како би и помогнале на заедницата во која живеат и работат.

Како учесник во програмата “Fulbright Teacher’s Excellence and Achievement” која се реализираше минатата година во САД, професорката Катерина Сусинова, имаше право да аплицира на овој натпревар за добивање грант.

Од вкупно пријавени 180 проектни идеи, нејзината идеја за проектот BRAVE (ХРАБРИ) беше прифаетна и одобрена за реализација меѓу 55те други избрани проекти низ цел свет.

Овој проект вклучува 5 работилници и настани поврзани со темите хуманост, медумска писменост, животна средина, булинг и култура, кои ќе бидат реализирани со ученици од СОУ “Коста Сусинов”, Радовиш, кои доброволно се пријавија да земат учество во активностите на проектот.

Главната цел на проектот е  учениците да се стекнат со вештини и знаења и истите да ги споделат со останатите ученици.

 Работилниците се реализираат заедно со порфесорките Наташа Спасевска, Нина Железарска и Венка Тадирова.

Овој проект е овозможен со грант спонзориран од Бирото за просвета и култура при Стејт департментот на САД, со парични средства обезбедени од Владата на САД, и администриран од ИРЕКС. Ставовите и информациите презентирани во проектот се сопствени на примателот на грантот, и не ги претставуваат оние на Стејт департментот на САД или ИРЕКС.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе