Connect with us

Македонија

Утре е Тодорова сабота, празник посветен на Светиот Великомаченик Теодор Тирон

Avatar

Published

на

Тодорова  сабота или Тодорица е православен христијански празник кој се слави во првата сабота од велигденските пости, односно првата сабота по Прочка. Оваа сабота е последниот ден од Тодоровата недела.

Тодорова сабота е празник посветен на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, кој настрадал во прогоните на христијаните од страна на римскиот цар Максимилијан. Овој ден се празнува во спомен на едно чудо што го направил св. Теодор Тирон околу 50 години по смртта.

За време на владеењето на Јулијан Отстапник (по Констанциј – синот на големиот цар Константин), кој отпаднал од Христос и му се вратил на идолопоклонството, започнало гонење на христијаните, јавно или прикриено.

Имено, еднаш, непосредно пред почетокот на велигденскиот пост, римскиот цар Јулијан Отпадникот сакал да им напакости на христијаните и наредил храната што се продавала по пазарите да се испрска со крвта на жртвите што им се принесувале на римските идоли. Меѓутоа, св. Теодор Тирон на јаве му се појавил на цариградскиот патријарх и му кажал да им забрани на христијаните да купуваат храна од пазарите, зашто таа ќе биде осквернавена со крв и наместо тоа, цела недела да јадат пченица со мед. Патријархот така постапил и христијанските верници отанале неиспоганети пред нивниот најголем празник. Кога царот видел дека не му успеала намерата, наредил на пазарите повторно да се изнесе вообичаената храна. А Христовиот народ, кога завршила седмицата, му оддал благодарност на свети Теодор, и со радост оваа сабота ја определил да се слави во негов спомен. Затоа првата сабота од велигденските пости е наречена Тодорова сабота.

 За празникот Тодорова сабота се поврзани повеќе верувања и обичаи. На пример, на Тодорова сабота, младите девојки изведувале и обичаи со кои сакале да дознаат кој ќе биде нивниот иден маж. За таа цел, во петок навечер, за време на вечерата, девојките го зачувувале првиот залак и го ставале под перницата. Притоа, се верувало дека момчето кое ќе го сонеле, подоцна ќе им стане маж. Најголемиот број обичаи поврзани со овој ден се изведуваат вечерта спроти празникот. Во повеќе краишта на Македонија тогаш во црквата се носи т.н. Тодорички леб или Тодоречка погача,

Исто така на овој ден во некои краишта младите тоа го правеле врзувале варена пченица и пченка во крочиња и трипати ја префрлале преку олтарот од црквата. Потоа вечерта пред спиење ја ставале под перницата, заедно со првиот залак за да видат кого ќе сонуваат.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Петок неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

Avatar

Published

на

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2023 година (петок), ‘’Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Mинистерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот “Св.Климент Охридски”.

Прочитај повеќе

Македонија

ОЈО Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Турција на Љупчо Палевски, осомничен за две убиства

Avatar

Published

на

Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. 

Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Република Турција на лице осомничено за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик“ стои во известувањето од ОЈ – Скопје.
„Јавниот обвинител побара од надлежните власти во Република Турција екстрадиција на лицето за кое е распишана меѓународна потерница, а од ИНТЕРПОЛ, Анкара е добиена информација дека на 05.12.2023 година е уапсен во Република Турција.
Во прилог на барањето за екстрадиција до турските власти ќе биде доставена комплетната потребна документација – наредбата за истражна постапка против осомничениот, решението со кое од Основниот кривичен суд Скопје му е определен бранител по службена должност и му е одреден притвор, како и наредбата за издавање меѓународна потерница“ соопштуваат од Основното јавно обвинителство Скопје .

„Креаторот, планерот, главниот координатор и директниот извршител на овие кривични дела, е фатен и лишен од слобода од пријателска Турција на нивната територија“, соопшти доцна синоќа на прес – конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вчера беше уапсен во Турција, а за останатите четворица осомничени судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи мерка притвор од 30 дена по барање на Јавното обвинителство кое отвори истражна постапка за две убиства на свиреп начин по кривичната пријава добиена од Министерството за внатрешни работи.

Повеќе на:https://mvr.gov.mk/vest/29348

Прочитај повеќе

Македонија

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Avatar

Published

на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито.

Како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, и поседуваат минимум 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р`ж, тритикале и/или овес.

Максималната вредност на кофинансирана сума по корисник изенсува 3 милиони денари. Финансиските средства се наменети за инвестиции во набавка на комбајни за жито. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Крајниот рок за доставување на барањата е до 30 декември 2023 година. Заинтересираните земјоделци своите барања ги поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Повеќе информации за повикот, како и упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање, земјоделците можат да погледнат на веб страната на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците, да се заознаат со условите од јавниот повик и навремено да аплицираат, искористувајќи ја можноста за поддршка, модернизирајќи го своето земјоделско производство.  

Прочитај повеќе