Македонија
Синдикатите од јавниот сектор едногласни, со предлогот на Законот за состемот на плати во јавниот сектор се намалуваат правата на работниците
Објавено на
Од
Media Press
Владата ги обедини синдикатите против нејзините лоши политики. Синдикатите од јавниот сектор едногласни дека со предлогот на Законот за состемот на плати во јавниот сектор се намалуваат правата на работниците во делот за платите и се елиминира можноста за уредување на оваа материја со колективните договори со што значително ќе се влијае на укинување на колективните договори во јавен сектор во кои се уредени системот на плати и нивната исплата, а за што ССМ изнинатиот период предупредуваше.
На денешниот состанок на кој учествуваа скоро сите Сојузи, Конфедерации и грански синдикати од јавниот сектор, синдикатите покажаа несогласување со Законот за системот на плати во јавниот сектор и го покажаа своето единство против намерата на Владата да стави рака врз колективното договарање во јавниот сектор и со тоа да ги укине колективните договори, велат од ССМ.
Од Сојузот на синдикатите на Македонија додаваат дека како единствен репрезентативен синдикат во јавен сектор ниту пак било која друга Конфедерација или пак грански синдикат, во ниту еден момент не биле вклучени, ниту информирани за подготовката на Предлог на Закон за системот за плати во јавен сектор.
Состанокот се одржа во рамките на Синдикалната школа организирана од ССКЦ на тема Новиот нацрт Закон за состемот на плати во јавниот сектор и неговото влијание на улогата и значењето на синдикатите и на колективното договарање.

Поврзани содржини

Синдикатите со поддршка на штрајкот на ДИЦ: Не смее платите на ФУНКЦИОНЕРИТЕ да се поважни од платите на РАБОТНИЦИТЕ

ССМ: Ако може за ФУНКЦИОНЕРИТЕ, мора и за РАБОТНИЦИТЕ

Прашањето за зголемување на минималната плата на 18.000 денари останува отворено, дијалогот меѓу засегнатите страни почнува во среда

ССНМ: Сопствениците на медиуми незаинтересирани да зборуваат за работничките права, медиумските работници со ниски плати

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

