Connect with us

Гевгелија

Туристичките потенцијали на Гевгелија претставени на 44 Саем за туризам во Белград

Avatar

Published

на

Општина Гевгелија и годинава повторно учествуваше на 44 Меѓународен саем за туризам во Белград, Република Србија, кој се одржа од 23 до 26 февруари. Преку новата туристичка платформа беа претставени туристичките потенцијали на Гевгелија.

„Директно беа остварени средби со голем број потенцијални и заинтресирани туристи. Минатата година, првите чекори беа направени со присуство на 43. Меѓународен саем за туризам. Изминатиот период, Градоначланикот заедно со сите чинители во Гевгелија посветија посебен фокус за да Гевгелија го создаде својот туристички идентитет. Исто така, Гевгелија годинава беше единствената општина која се претстави со свое туристичко лого „Gevgelija Spice up the journey“, соопштуваат од општината.

Туристичкиот идентитет на Општина Гевгелија е основниот предуслов за поголема туристичка промоција и поголема искористеност на туристичките капацитети и потенцијали. Голем дел од изработените промотивни материјали, кои вклучуваат: маици, флаери, брошури, сувенири, магнети, беџови и промотивни торби, биле дел од понудата за овогодинешниот Саем.

Гевгелија е погранично место низ кое поминуваат голем број транзит туристи. Целта на Локалната самоуправа е заедно со туристичките чинители да привлече што поголем број посетители. А, на оние кои застануваат да им се понудат потенцијали да го продолжат својот престој.

Гевгелија

На Граничен премин Богородица фатени 387 штеки различни видови цигари и тутун

Avatar

Published

на

Ноќва (14.09.2023) во 01.20 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.М. од Гевгелија, информира МВР.

При преглед во патничкото возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 387 штеки различни видови цигари и 1250 грама тутун, за кои не поседувал никаква документација.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Приведен бегалец од затвор, вратен во Затвор Идризово

Avatar

Published

на

На 23.08.2023 околу 18.00 часот на подрачје на Гевгелија, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода И.К.(39) од с.Моин, гевгелиско.

Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, каде што имал за доиздржување скоро четири години од казната. Лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Позитивно решени над 5.300 барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти во Општина Гевгелија

Avatar

Published

на

На последната 29. седница, пред Советот на Општина Гевгелија се најде Информација за состојбата со постапување по барањата за утврдување правен статус на бесправно- изградени објекти во општина Гевгелија за периодот 4 март 2011 година – 30 јуни 2023 година. Според приложената информација, во Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животна средина, заклучно со 2018 година, биле доставени 5.842 барања од граѓани за утврдување правен статус на бесправно- изградени објекти.

Согласно објавените Правилници за стандарди за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко- планската документација, како и објавените Правилници за формата и содржината на Записникот за извршен увид, формата и содржината на урбанистичката согласност и формата и содржината на Решението за утврдување правен статус на бесправен објект објавени во „Службен весник на Република Македонија“, од страна на Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животната средина се пристапило кон разгледување и решавање на овие барања. Од вкупно поднесените 5842 барања за утврдување правен статус на бесправно- изградени објкети, 5.390 се позитивно решени, а 452 барања се во постапка на решавање. Законскиот рок за постапувања по барањата е до 3 март 2026 година.

Прочитај повеќе