Гевгелија
По неколкугодишна пауза, „КАЛИНКА“ повторно ќе запее во Гевгелија
Published
7 месеци agoна
By
Media Press
По неколкугодишна пауза, во Гевгелија, од оваа година се возобновува Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“, еден препознатлив гевгелиски музички бренд.
По тој повод, на прес- конференција за организацијата и активностите околу одвивањето на Фестивалот зборуваа градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, уметничкиот директор Александар Стојанов и директорката на Дом на култура „Македонија“, м-р Мирјана Крстева Массетти. Притоа, најавија дека на возобновениот Детски музички фестивал, во месец мај, во Народниот театар во Гевгелија, ќе продефилираат дваесеттина млади пеачи од земјата и странство.
„Со огромна чест и задоволство ја поддржав иницијативата, како и сите натамошни активности за возобновувањето на овој детски фестивал, бидејќи тоа не само што го бараа граѓаните на општина Гевгелија, туку и поради фактот што Гевгелија и „Калинка“ имаат богата традиција. Првиот фестивал се одржа во 1992 година и во текот на изминатите години испиша богата музичка историја со над 500 исполнети детски песни. „Калинка“ стана своевиден гевгелиски музички бренд, познат не само на домашната туку и на меѓународната јавност“, истакна градоначалникот Андон Сарамандов, посакувајќи им на организаторите успешен фестивал и што поуспешна презентација на Општина Гевгелија преку вакви и слични културни настани.
Имено, Советот на Општина Гевгелија, на предлог на Градоначалникот на општината, во рамките на Програмата за финансиска поддршка на културни проекти и манифестации во 2023 година, додели 500.000 денари за возобнување на Детскиот музички фестивал „Калинка“.
Уметничкиот директор на фестивалот, Александар Стојанов, најави дека на аудицијата за „Калинка 2023“ се пријавиле 120 деца од 3 до 12 години, како солисти и членови на детскиот хор. На фестивалот ќе бидат изведени 20 новокомпонирани детски песни од гевгелиски автори, но и автори кои дале белег на фестивалот во минатото, како: Томислав Таневски, Кристијан Габровски, Нада Ристова, Ристо Самарџиев и други.
Фестивалот ќе се одржи на 19 и 20 мај, а предвидена е и голема денска забава на плоштадот во Гевгелија , на 21 мај, со почеток од 12 часот.
Поврзани содржини
Позитивно решени над 5.300 барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти во Општина Гевгелија
Започнува аплицирањето за добивање субвенции за набавка на велосипед во Гевгелија
Второ прскање против комарци во Гевгелија на 7 јули
Локалниот младински совет од Гевгелија со повик за учество на млади од Југоистокот на дводневен фестивал „МЛАДИНСКИ БРАН“
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Гевгелија и ФТБЛ на 14-та по ред „Гастрономска изложба 2023“
Современа угостителска сала доби СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија
Гевгелија
На Граничен премин Богородица фатени 387 штеки различни видови цигари и тутун
Published
1 недела agoна
септември 14, 2023By
Media Press
Ноќва (14.09.2023) во 01.20 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.М. од Гевгелија, информира МВР.
При преглед во патничкото возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 387 штеки различни видови цигари и 1250 грама тутун, за кои не поседувал никаква документација.
Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Гевгелија
Приведен бегалец од затвор, вратен во Затвор Идризово
Published
1 месец agoна
август 24, 2023By
Media Press
На 23.08.2023 околу 18.00 часот на подрачје на Гевгелија, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода И.К.(39) од с.Моин, гевгелиско.
Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, каде што имал за доиздржување скоро четири години од казната. Лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.
Гевгелија
Позитивно решени над 5.300 барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти во Општина Гевгелија
Published
2 месеци agoна
јули 21, 2023By
Media Press
На последната 29. седница, пред Советот на Општина Гевгелија се најде Информација за состојбата со постапување по барањата за утврдување правен статус на бесправно- изградени објекти во општина Гевгелија за периодот 4 март 2011 година – 30 јуни 2023 година. Според приложената информација, во Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животна средина, заклучно со 2018 година, биле доставени 5.842 барања од граѓани за утврдување правен статус на бесправно- изградени објекти.
Согласно објавените Правилници за стандарди за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко- планската документација, како и објавените Правилници за формата и содржината на Записникот за извршен увид, формата и содржината на урбанистичката согласност и формата и содржината на Решението за утврдување правен статус на бесправен објект објавени во „Службен весник на Република Македонија“, од страна на Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животната средина се пристапило кон разгледување и решавање на овие барања. Од вкупно поднесените 5842 барања за утврдување правен статус на бесправно- изградени објкети, 5.390 се позитивно решени, а 452 барања се во постапка на решавање. Законскиот рок за постапувања по барањата е до 3 март 2026 година.

Што треба да содржи идеалниот појадок? Овие се идеални компоненти

Овие четири знаци на срцев удар се јавуваат 24 часа пред нападот

Што е USB-C интерфејс и кои се неговите предности?

Кој ќе ги сервисира? 97% од механичарите не знаат како да вршат основни поправки на електрично возило
