Connect with us

Радовиш

Заедничка активност на градинката и библиотеката во Радовиш по повод 1 – ви март доаѓањето на пролетта, со бел и црвен конец децата изработуваа мартинки

Avatar

Published

на

Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ Радовиш во соработка со ДГ „Ацо Караманов“ денеска го прославија 1 – ви март доаѓањето на пролетта и древната традиција на изработкаа, дарување и носење мартинки, која претставува украс направен од конец во црвена и во бела боја.

Изработката и поклонувањето мартинки на најблиските е традиција која во Македонија се почитува со стотици години. На овој ден карактеристични црвени и бели висулци, топчиња и исплетени бразлетни познати како мартинки се разменуваат или се поклонуваат на најблиските.

Децата од градинката под водство на своите воспитувачки под мотото „Со бел и црвен конец сукаме мартинки“ изработија мартинки кои си ги подарија за среќа.

Мартинката, односно црвената и белата боја, ја симболизира желбата за добро здравје и воедно ја предвестува пролетта. Во едно верување црвената боја ја симболизира крвта, а белата боја чистотата, во друга, животот и неговото заминување од овој свет, потоа доброто и злото, како и среќата и тагата во животот на еден човек. Мартинките се симболот на Баба Марта, нам позната како предвесник на пролетта.

Може да се носи закачена за гардеробата или, пак, врзана околу раката или вратот. Има повеќе верувања за нејзиното отстранување, едната е дека кога ќе расцвета првото дрво треба да се одврзе и да се закачи на него, кај нас велат дека кога ќе се здогледа првата ластовица се вади и веднаш се става под првиот бел камен.

Покрај во Македонија, оваа традиција, исто така, се почитува и во Бугарија, Србија Молдавија и Романија.

Но кој е ставот на православната црква по овој обичај?

Носењето мартинка се смета за суеверен и магиски обичај, а со тоа и демонски обичај, затоа што луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сè до доаѓањето на пролетта и доаѓањето на ластовичките (или штрковите) и сè додека да расцути првото дрво. Потоа, според истото погрешно верување, мора да ги закачат на некое дрво и да си пожелаат добро здравје и среќа, со некаква вера дека желбите ќе им се исполнат. Вадењето на мартинката, пред време, се смета за несреќа и затоа луѓето ја чуваат со страв. Таквото верување нема никава врска со православната вера, туку е обично суеверие, е ставот на црквата.Исправно е да се носи на рака бројаничка, украсена со крвче, која ќе служи за молитва.

Преземено од: https://bigorski.org.mk/stavovi/martinki/

Радовиш

ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари

Avatar

Published

на

ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација за времена дислокација на градскиот пазар поради изведување на градежни работи за изградба на нов пазар. од тие причини ги известува продавачите и граѓаните на Општина Радовиш дека од овој викенд пазарот ќе се премести на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш.

„Врз основа на Одлуката на Советот на општина Радовиш за времена дислокација на “Градски пазар” Ве известуваме дека ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш. Почнувајќи од сабота 07 октомври 2023 година зелениот пазар ќе функционира на таа локација се до завршувањето на изградбата на новиот покриен пазар. За сите прашања може да контактирате со одговорното лице Велин Ангелов лично или преку повик на бројот 071 793 756.

Локација: https://maps.app.goo.gl/2opj4o2YLMiuAsPC6

Прочитај повеќе

Радовиш

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица

Avatar

Published

на

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30 %.

Градоначалникот Ацо Ристов заедно со претставници од партмерите вклучени во проектот, изврши увид во работните активности и како што вели овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, “ Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе