Connect with us

Радовиш

По пауза од неколку години денеска во ООУ ” Крсте Петков Мисирков”-Радовиш, ќе се одржи т.н ” отворена родителска средба”

Avatar

Published

на

Денеска по пауза од неколку години во ООУ ” Крсте Петков Мисирков” повторно ќе се одржи т.н ” отворена родителска средба”.

Целта на оваа родителска средба е родителите изворно од предметните наставници да се запознаат со успехот и постигањата на учениците. Родителската средба е наменета за учениците од VI до IX одд. Таа ќе започне во 18 часот и сите заинтересирани родители ќе можат од предметниот наставник да слушнат како напредуваат нивните деца.

Родителската се одржува со цел родителите да имаат поголем увид во постигањата на учениците и доколку е потребно заеднички учениците, родителите и наставниците да поработат на подобрување на успехот. Од ООУ” Крсте Петков Мисирков” планираат ваквите отворени родителски да станат редовна пракса во иднина.

„Мотивацијата, знаењето и успехот се императиви кон кои тежнее ООУ” Крсте Петков Мисирков” а тоа е остварливо само ако сите чинители се активно вклучени во образовниот процес“, порачуваат од ” Крсте ” и ги покануваат родителите на нивните ученици на оваа отворена родителска средба.

Радовиш

Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.

Прочитај повеќе

Радовиш

Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче

Avatar

Published

на

Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.

Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш

Avatar

Published

на

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.

 Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.

Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.

На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.

Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

Прочитај повеќе