Connect with us

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на улицата Видое Смилевски Бато во Радовиш

Avatar

Published

на

Во завршна фаза е изградбата на улицата Видое Смилевски Бато во Радовиш. До крајот на месец март се очекува улицата да биде асфалтирана и целосно завршена, со тротоари кои веќе се градат, со што ќе се уреди и овој дел од градот кој со години бил запоставуван. Изградбата на оваа улица, заедно со комплетна комунална инфраструктура изнесува 6,5 милиони денари, средства обезбедени од општинскиот Буџет.

„Со затоплувањето на времето започнува градежната офанзива во Радовиш и во овој период во завршна фаза е асфалтирањето на улицата Видое Смилевски Бато, а деновиве започнаа работните активности и на улицата која ќе ги поврзи улиците Плачковица и Калаузлиска. Со што овој дел од градот ќе заличи на едно урбано место како што му доликува на Радовиш“, рече градоначалникот Ристов при денешниот увид на работните активности на терен.

Градоначалникот Ристов апелира до граѓаните во иднина да не започнуваат беспревни градби на објекти, бидејќи како што рече, нема да бидат толерирани бесправни градби во општината и за таа намена веќе има назначено градежен инспектор, за да се воведе ред во урбаниот хаос.

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе