Струмица
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Денеска (23.02.2023) во 08.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода М.Т.(42) од Струмица.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, таблети и дигитална вага.Тој бил задржан во Полициска станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Струмица.
Поврзани содржини
Претрес во Струмица, пронајдени повеќе видови дрога, приведен дилер
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога, приведени две лица
Претрес во Гевгелија, приведени двајца дилери на дрога
Во две големи акции МВР вчера заплени 1,6 тона дрога во вредност од 3,2 милиони евра
Царинска управа заплени 139 килограми марихуана на граничниот премин Дојран
Претреси во струмичко, пронајдена дрога, приведени дилери
Струмица
Приведени три лица, затекнати при пустошење на шума
Published
2 недели agoна
мај 26, 2023By
Media Press
На 24 мај во 14.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ф.А.(20) и уште двајца малолетници од село Банско, струмичко. Тројцата биле затекнати на место викано „Габровски пат“, атар на село Банско, на планината Беласица како со моторна пила вршат пустошење на шума.
Од страна на Шумска полиција затекнатите исечени дрва биле одземени и пренесени во складот на Јавното претпријатие Национални шуми, подружница Беласица – Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Струмица
Околу 80 казни за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица
Published
3 недели agoна
мај 15, 2023By
Media Press
СВР Струмица во спроведена контрола санкционира околу 80 возачи за пречекорувања на брзината на подрачјето во Југоистокот, од кои најголем број казни биле изречени на подрчјето на Радовиш.
Имено во текот на вчерашниот ден во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 81 пречекорувања на брзината, од кои 43 на подрачје на Радовиш, 18 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на Гевгелија и 8 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.
Струмица
Со пригодна свеченост во Струмица одбележан 9 Мај Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа
Published
4 недели agoна
мај 9, 2023By
Media Press
Со пригодна свеченост којашто се одржа пред Споменикот на паднатите борци од НОАВМ во малиот градски парк во Струмица, денеска беше одбележан 9 Мај Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа. За нивното значење зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото рече:

„Поминуваат безмалку 32 години од македонската самостојност: Исто толку години го сонуваме европскиот сон со тенденции да станеме дел од големото европско семејство. По нашето полноправно членство во НАТО Алијансата, Северна Македонија никогаш не била толку блиску до остварувањето на долгугодишниот сон, како земја-кандидат за членство во Унијата од декември 2005 година. За добивање датум за почеток на преговори со ЕУ , повторно сме исправени пред предизвикот од недоследно наметнување на непотребни бариери , овојпат од нашиот источен сосед – Бугарија. Но тоа не треба и не смее да не поколеба, да скренеме од коловозот кој води до нашата посакувана цел“, вели Костадинов.


Три јавни повици за субвенции за микро, мали и средни компании за занаетчии и за дигитализација за женско претприемништво

Објавен е јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Приведени двајца криумчари на мигранти кај „Раскрсница Удово“, сузбиена е и меѓународна група за криумчарење мигранти

Во тек се неколку работни активности во Општина Радовиш
