Василево
Улиците во Радичево и Чанаклија подготвени за асфалт
Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Во тек се работните активности за изградба на две нови улици во населените места Радичево и Чанаклија во Општина Василево кои се подготвени за асфалтирање. Активностите на овие две улици се одвиваат паралелно и во двете населени места. Досега целосно се завршени земјените работи, односно и двете улици се израмнети, насипани и тампонирани.
Во населеното место Чанаклија, улицата води кон Католичката црква, долга е 137 метри, широка околу 3,2 метри а Буџетот за нејзина реализација во износ од околу 648 илјади е обезбеден од општинската каса. Оваа Улица е планирана со Програмата за изградба на локални патишта и улици во општина Василево за 2022 година.
Во населеното место Радичево, улицата се гради во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион (ЦРЈИПР) и истата води кон црквата Св. Илија. Истата е во должина од 327 метри а широка околу 3 метри. Одводнувањето е решено со риголи. Буџетот во висина од 2 196 000 денари е обезбеден од страна на Центарот за развој на ЈИПР.
Поврзани содржини
Пролетно чистење на улиците во Општина Василево
За подобрување и проширување на локалната патна мрежа за три години вложени 75 милиони денари
Втор слој асфалт на дел од улиците во Струмица со што се подобрува инфраструктурата во градот
Ињево доби две нови улици, со што значително се промени урбаниот изглед на селото
Завршува проектот за изградбата на 17 улици во шест села во Радовиш
Изградени нови улици во Дедино и во Ракитец, започнаа градежните активности и на нова улица во Конче
Василево
Во населеното место Сушево се асфалтира улица
Published
4 дена agoна
мај 30, 2023By
Media Press
Општина Василево денеска асфалтира улица во село Сушево која претставуваше деценисики проблем на граѓаните.
Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес беше во населеното место Сушево, каде присуствуваше на асфалтирањето на улицата чија изградба деновиве се одвиваше во континуитет.
Изградбата на оваа улица е планирана со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2022 година.
Улицата е со должина од 75 метри и ширина од околу 3,5 метри односно асфалт од 275 м2. Лоцирана е на почетокот од населеното место и ги поврзува жителите кои живеат покрај неа со главниот локален пат.
Средствата во висина од 334 508 денари се обезбедени од општинската каса.
Според информација од градоначалникот Андонов за утре е планирано асфалтирање на улицата во населеното место Едрениково, чија изградба исто така се реализира како дел од минатогодишната Програма за локални патишта и улици во општина Василево.

Василево
Во недела ќе се одржи планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“
Published
1 недела agoна
мај 26, 2023By
Media Press
Општина Василево и годинава ќе го поддржи одржувањето на планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“, кој го организира ЗПСК „Маратон“, од Струмица, информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по денешната средба што ја имаше со претседателот на ЗПСК „Маратон“, Ѓорги К`рмзов.
Според Програмата на организаторот маршот ќе се одржи во недела на 28.05.2023 година.
Сите заинтересирани учесници, во 07,30 часот треба да бидат на брана Турија, од каде што организирано се тргнува кон с. Нивичино. Се пешачи по следната маршута: брана Турија – Јурукова колиба – Павлова ливада – Железен дол. Пристигнувањето во Нивичино е планирано за околу 12,00 часот. За во 14,00 часот планирано е доделување на благодарници за учесниците, по што во 14,30 започнува враќањето кон брана Турија.
За сите учесници организаторот подготвува заеднички ручек. Учесниците треба со себе да понесат прибор за јадење и вода за пиење.
Патеката е средно тешка и е погодна за планинари на возраст од 07 до 77 години.
Заинтересираните за овој планинарски марш, неопходно е своето учество да го најават на телефонскиот број 071 253 203.
Планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“ е традиционален и годинава се одржува по 12-ти пат.
Василево
Чистење на дивите депонии низ наслените места во општина Василево
Published
2 недели agoна
мај 22, 2023By
Media Press
Чистење на дивите депонии низ наслените места во општина Василево.
ЈПКД „Турија“, во координација и соработка со општина Василево реализираше низа комунални активности, односно чистење на диви депонии и уредување на земјени патишта во повеќе населени места на општината. Исчистени се дивите депонии во населените места Чанаклија, Василево и Радичево. Пробиени и порамнети се неколку улици од наноси на земја и песок во населеното место Чанаклија.
„Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна заедница“, порача градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, споделувајќи ја информацијата за реализираните активности од страна на ЈПКД „Турија“, Василево, на социјалните мрежи.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Конче

МНР: Стапуваа на сила трите договори во рамки на Берлинскиот процес

Викендов, во Радовиш ќе се одржи МДФФ „ОРО ВЕСЕЛО“

Во недела во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил
