Connect with us

Струмица

Општина Струмица распиша Јавен повик за членови на Локален совет за женско претприемништво

Avatar

Published

на

Општина Струмица го распиша Јавниот повик за пројавување интерес за членови кои ќе бидат дел од Локален совет за женско претприемништво.

Целта на Советот кој треба да има најмногу 15 членови е да поттикне започнување на нови бизниси за жени преку промоција на примери на добри практики, обезбедување на координација на активностите, да креира програми и создава можности за финансиска поддршка на жените претприемачки, нивно вмрежување и промоција на пазари на локално и национално ниво.

Право на учество ќе имаат сите амбициозни жени претприемачки (сопственички на бизниси, занаетчики, менаџерки, управителки, носителки на земјоделски стопанства и други) кои сакаат да дадат свој допринос во унапредувањето и развојот на женското претприемништво во општина Струмица.

Повикот ќе трае до 28 февруари, а дополнителни информаци може да се добијат на општинската веб страница www.strumica.gov.mk

Струмица

Приведени три лица, затекнати при пустошење на шума

Avatar

Published

на

На 24 мај во 14.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ф.А.(20) и уште двајца малолетници од село Банско, струмичко. Тројцата биле затекнати на место викано „Габровски пат“, атар на село Банско, на планината Беласица како со моторна пила вршат пустошење на шума.

Од страна на Шумска полиција затекнатите исечени дрва биле одземени и пренесени во складот на Јавното претпријатие Национални шуми, подружница Беласица – Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Околу 80 казни за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица

Avatar

Published

на

СВР Струмица во спроведена контрола санкционира околу 80 возачи за  пречекорувања на брзината на подрачјето во Југоистокот, од кои најголем број казни биле изречени на подрчјето на Радовиш.

Имено во текот на вчерашниот ден во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 81 пречекорувања на брзината, од кои 43 на подрачје на Радовиш, 18 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на Гевгелија и 8 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Струмица

Со пригодна свеченост во Струмица одбележан 9 Мај Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа

Avatar

Published

на

Со пригодна свеченост којашто се одржа пред Споменикот на паднатите борци од НОАВМ во малиот градски парк во Струмица, денеска беше одбележан 9 Мај Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа. За нивното значење зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото рече:

„Поминуваат безмалку 32 години од македонската самостојност: Исто толку години го сонуваме европскиот сон со тенденции да станеме дел од големото европско семејство. По нашето полноправно членство во НАТО Алијансата, Северна Македонија никогаш не била толку блиску до остварувањето на долгугодишниот сон, како земја-кандидат за членство во Унијата од декември 2005 година. За добивање датум за почеток на преговори со ЕУ , повторно сме исправени пред предизвикот од недоследно наметнување на непотребни бариери , овојпат од нашиот источен сосед – Бугарија. Но тоа не треба и не смее да не поколеба, да скренеме од коловозот кој води до нашата посакувана цел“, вели Костадинов.

Прочитај повеќе