Радовиш
Трибина по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се одржа во ОНБ „Браќа Миладиновци“- Радовиш
Published
7 месеци agoна
By
Media PressДенеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик со цел да се прослават повеќе од 6000 различни јазици кои се зборуваат во светот денес.
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е ден за промовирање на лингвистичката и културната разновидност и се потенцира важноста и уникатноста на секој јазик на планетата земја.
По тој повод денеска се одржа Трибина во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш, на тема: „Мајчиниот јазик-состојби и перспективи“, со посебен осврт на Македонскиот јазик.
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се одбележува со поддршка од УНЕСКО, на 21 февруари секоја година.

Предавач на трибината беше проф. д-р. Симона Груевска -Маџоска редовен провесор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисриков“ – Скопје.
Таа зборуваше за македонскиот јазик, дека колку и да го спорат, каков што е случајот денеска со Бугарија, тој постои и ќе постои се додека постои и последниот македонец.
“Јазикот е единствената наша татковина. Се додека го чуваме , го негуваме , го вардиме , го гледаме јазикот наш македонски – ке може да сметаме дека ја имаме и татковината, како куќа, како дом , како огниште”, напишал и Блаже Конески за македонскиот јазик.

Поврзани содржини
Мицкоски со порака до ДУИ: Доста е! ВМРО -ДПМНЕ ќе ве испрати во пензија
Одржана Трибина во Општина Радовиш, како дел од проектот „Здружени и гласни за општество без дискриминација“
Радовиш беше домаќин на Трибина на градоначалниците од Југоисточниот регион кои се од редовите на ВМРО -ДПМНЕ
Трипуновски на трибина во Босилово: После овие пет години ќе биде радост ако најдеме млад човек која сака да се занимава со земјоделство
Трибини на тема „Тутунопроизводството, проблеми и решенија“ беа одржани во Радовиш и во Конче
Трибина на тема „Болести на зависност“ беше одржана во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш
Радовиш
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.
„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.
Радовиш
Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.
На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.
Радовиш
Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.


Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Во понеделник координативен состанок на субјектите, учесници на манифестацијата “СAМУН ем ТАТЛИЈА 2023“ во Радовиш
