Connect with us

Радовиш

Кривична пријава за едно лице, поради сомнение дека сторил кривични дела „Изнуда“ и „Лихварство“ на повеќе граѓани од Радовиш

Avatar

Published

на

Одделението за внатрешни работи Радовиш до основните јавни обвинителства во Струмица и Радовиш поднесе кривични пријави против Е.Ј. (35) од Штип, со престојување во Радовиш, поради сомнение дека сторил кривични дела „Изнуда“ и „Лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
Во текот на 2022 година и почетокот на 2023 година осомничениот, искористувајќи ја тешката имотна состојба и недоволното искуство на повеќе граѓани од Радовиш, неовластено им давал пари на заем со устен договор, а при тоа договарал несразмерна имотна корист која најчесто била со неделна камата од 100% , односно двојно поголема од позајмената вредност која се удвојувала со секоја помината недела.
Исто така, осомничениот на две од лицата на кои претходно со устен договор им дал пари, при задоцнета наплата им упатил сериозни закани, со што истите биле присилени да извршат уплата од 300.000 денари за даден заем од 33.000 денари, односно 1.400.000 денари за даден заем со устен договор од 60.000 денари, информира СВР Струмица.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Повреден мотоциклист кај Раклиш, радовишко

Avatar

Published

на

На 19.03.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Р 1310, во село Раклиш, С.С.(34) од село Раклиш, управувајки мотоцикл „хамачи“ со радовишки регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С.. констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во Радовиш, изложба на цртежи од ученици кои завршија основен прв курс по ликовно образование

Avatar

Published

на

Викендот во Радовиш беше отворена изложба на цртежи од ученици кои завршија основен прв курс по ликовно образование. Бесплатникот тримесечен курс го организираше ДЛУР „Рада“ од Радовиш, а под покровителство на Општина Радовиш. Сите дела кои беа изработени од страна на младите ликовни таленти, во Саботата беа изложени во музејот на љубовта и уметноста.

Тримесечниот курс го завршија 28 ученици.  Петседателот на ДЛУР „Рада“ Душан Коцев, заедно со уметникот Крсте Тарабунов ги воведоа уениците во уметноста, подучувајќи на разни техники и вештини во цртањето.

Присутните на изложбата освен од организаторите, беа поздравени и од градоначалникот Ацо Ристов, кој го поддржа беспалтниот курс и рече дека поддршката ќе продолжи и во иднина се додека има интерес кај учениците.

На изложбата беа доделени сертификати и на младите ликовни уметници и благодарници на градоначалникот Ацо Ристов на Крсте Тарабунов и на Душан Коцев како подучувачи на младите уметници и на ДЛУР „Рада“ за организирањето на самата активност и иницијатива за одржување на бесплатен курс по ликовно образование.

Прочитај повеќе

Радовиш

Симулациска вежба при пожар, рушевини и евакуација на лица од ООУ „Никола Карев“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Сирените од противпожарните возила кои се слушаа денеска во Радовиш не беа поради предизвикан пожар, туку стануваше збор за организирана вежба во ООУ “Никола Карев“.

Територијална Противпожарна Единица (ТППЕ) во соработка со Црвен Крст- Радовиш  и Итната медицинска помош при ЈЗУ,,Здравствен дом” Радовиш, изврши симулациска вежба пожар, рушевини од пожарот и евакуација на лица од централната зграда на ОУ „Никола Карев“. По звукот на сирените учениците за кратко време беа евакуирани од училиштето и построени во дворот за пребројување.

ТППЕ Радовиш изврши обука на вработените и учениците со цел правилно да постапат во случај на вакви видови опасности . Во вежбата беа вклучени околу 400 ученици, наставниците, административно-педагошката служба и техничкиот персонал. Свој придонес дадоа и волонтерите од Клуб на млади на ООЦрвен крст – Радовиш, преку симулирање на спасување и евакуација на повредени лица заедно со  службата за Итната медицинска помош.  

Вежабата е одржана на барање на училиштето а целта беше проверка на ефикасноста и функционалноста на планот за заштита и спасување во училиштата, увежбување на истите и отстранување на евентуалните недостатоци. Директорот на училиштето рече дека на првиот наставнички совет ќе ја анализираат вежбата, сите мали недостатоци да ги отстранат и при таква несакана ситуација да бидат подготвени.  Истата генерално беше оценета како успешна.

Симулациски вежби со утврдено сценарио, понатаму, ќе бидат спроведени и во подрачните училишта на ООУ,,Никола Карев” Радовиш во с.Бучим, с.Тополница и с. Прналија.

Прочитај повеќе