Гевгелија
Гевгелиските пожарникари се вратија од спасувачка мисија од Турција
Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, денеска оствари средба со четворицата пожарникари кои вчера се вратија од спасувачката мисија за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција.
Во негово име и името на сите граѓани од општина Гевгелија, им изрази благодарност за успешното учество во спасувачката мисија и покажаната хуманост и човечност. Покрај тоа, се разговараше и за заложбите во зајакнување на капацитетите на ТППЕ- Гевгелија за справување со елементарни непогоди.
Четворицата пожарникари од ТППЕ- Гевгелија беа испратени од Општина Гевгелија како дел од републичките сили за заштита и спасување за помош на Турција, за што од Општинскиот буџет беа издвоени посебни средства.

Поврзани содржини
Современа угостителска сала доби СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија
Гевгелија, започна со втората фаза од спроведувањето на Проектот за селекција на отпад, поделени 2.096 канти и 56 контејнери
Безбедно од училиштето до дома, превентивна активност на ОВР Гевгелија
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога, приведени две лица
Гевгелија со најголем број странски туристи и ноќевања
По неколкугодишна пауза, „КАЛИНКА“ повторно ќе запее во Гевгелија
Гевгелија
Современа угостителска сала доби СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија
Published
2 дена agoна
мај 31, 2023By
Media Press
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во рамки на вчерашната дисеминација на проектот „Трендови во автомобилската индустрија“ преку Еразмус+ Програмата, којашто се одржа во новоуредената угостителска сала, заедно со директорката на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, Марија Танева, изврши увид во новоопремениот угостителскиот објект на Училиштето.
Изминатиот период, за комплетната функционалност на угостителската сала, кујна и кабинети беа набавени опрема и инвентар, во вредност од 2.161.739 денари. Претходно, во периодот 2009-2017 година беше реконструирана салата и обезбедена со опрема за готварство, со заштеда на средствата од блок-дотации. Новиот угостителски објект во СОУ „Јосиф Јосифовски“ располага со два кабинети- еден по готварство, кујна и кабинет по послужување, т.е. угостителската сала.

Со неговото целосно уредување и опремување, Гевгелија доби уште еден модерен угостителски објект со капацитет за 150 луѓе. Но, со првенствена цел – обезбедени се најсовремени услови за стекнување знаења и вештини и изведување практична настава на учениците од угостителско-туристичката струка. Се разбира, и простор за одржување на сите активности предвидени со Програмата за работа на Училиштето, како и одбележување на настани и прослави, организирање слободни ученички активности, одржувања семинари и сл.

Инаку, настанот за дисеминација на проектот: „Трендови во автомобилската индустрија“ се одржа по враќањето на 14. ученици од машинската струка, кои преку Еразмус- програмата престојуваа во повеќе градови во Германија заедно со нивните професори, каде што ги посетија тамошните сервиси за моторни возила и имаа можност да се запознаат со нови знаења, вештини и искуства. Притоа, овој настан беше збогатен и со културно-уметничка програма, кои можеа да ја проследат онлајн и сите претставници, партнери и соработници вкучени во Проектот.
Гевгелија
Приведен криумчар на мигранти, кој на мотор превезувал лице-нелегален мигрант
Published
1 месец agoна
мај 2, 2023By
Media Press
Денеска (30.04.2023) околу 13 часот во близина на граничниот премин Богородица полициски службеници од РЦГР Југ го лишиле од слобода Г.Б. (24) од Гевгелија, кој на мотор превезувал лице-нелегален мигрант од Пакистан.
Г.Б. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот до наделжното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење мигранти“.
Гевгелија
Приведен криумчар на мигранти, превезувал четворица сиријци
Published
1 месец agoна
април 20, 2023By
Media Press
Вчера околу 15 часот на локалниот пат Прдејци – Смоквица, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Н.Р.(57) од Скопје. При преглед во возило “фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник. Н.Р. бил задржан во полициска станица, а мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Н.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Конче

МНР: Стапуваа на сила трите договори во рамки на Берлинскиот процес

Викендов, во Радовиш ќе се одржи МДФФ „ОРО ВЕСЕЛО“

Во недела во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил
