Конче
Лозарите и овоштарите од општина Конче денеска го прославија празникот Свети Трифун
Објавено на
Од
Media PressПравославните христијани денеска го слават Свети Трифун, празник познат по обредното закројување на лозјата, заштитник на лозовите и овошните насади. Лозарите и овоштарите од општина Конче денеска го прославија празникот свети Трифун. Традиционално органзирани во групи ги посетија своите овошни и лозови насади и го направија обичајот, да закројат и да залијат со црвено вино но и да се помолат за бериќетна година.

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов и годинава ги придружуваше лозарите и заедно со нив закрои. Тој заедно со овогодишниот кум Горан Милев, на лозарите им посака богат род и бериќетна година.
По закројувањето веќе неколку години по ред прославата продолжува во манастирот Свети СТЕФАН на која се собираат голем број лозари од Конче кои ја почитуваат оваа традиција, со вино и ракија да наздрават за уште една бериќетна година. Прославата ја организира избраниот кум од минатата година со помош на останатите лозари и со поддршка од општината и од спонзорства и истата освен со ручек е збогатена и со добра музика.

Кумот традиционално дели лепче со паричка за да се одреди кумот за наредната година кој ќе биде органзиатор на прославата.
Свети Трифун бил младо сиромашно момче со голема вера во бога и неговите молитви господ ги исполнувал, лекувал и им помагал на лугето, а се молел и за богат род на овошките и лозјето, затоа се смета за заштитник на лозарите и овоштарите.
Според црквата Свети Трифун воопшто не бил пијаница, како што велат некои кои бараат оправдување ако се напијат повеќе ракија или вино, одколку што треба.




Поврзани содржини

Одбележан празникот Свети Трифун во Општина Конче

Со закројување лозје, градоначалникот Андонов, го одбележа Св. Трифун

Православните верници утре ќе го одбележат големиот христијански празник -Светиот маченик Трифун, чудотворец со исцелителна моќ и заштитник на лозарите

Со божја благослов, сите лозови насади да дадат богат род и благодет, посака градоначалникот Ристов на денешниот празник Свети Трифун

Лозарите од Конче го направија обичајот на празникот Свети Трифун, закроија и благословија за богат род

Радовишани со поделени мислења, некои велат дека утре треба да се слави Свети Трифун а некои и Свети Валентин
Конче
Ловџија од Габревци, додека бил на лов на диви свињи, бил повреден со сачма од ловна пушка
Published
1 недела agoна
ноември 9, 2026By
Media Press
На 07.11.2026 година во 13:48 часот во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека кај нив за укажување на лекарска помош било донесено лицето С.М. од село Габревци, општина Конче, кој додека бил на лов во атар на село Габревци бил повреден со сачма од ловна пушка.
На 07.11.2026 година С.М., заедно со Р.Р., И.Р., З.Р., М.Р., С.С. и С.Р., сите од село Гавревци биле во лов на диви свињи, на место викано „Трска“ атар на с. Габревци, при што И.Р. со еден патрон испукал кон дива свиња, а од истрелот една сачма го погодила С.М. во пределот на стапалото. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од страна на увидна екипа од ОВР Радовиш бил извршен увид на местото. Од И.Р.(43) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Baikal M-155“ калибар 12 мм, ловна пушка „Ata Arms“ калибар 12 мм , дозвола за оружје, дневна дозвола за ловење и 6 патрони калибар 12 мм. Од С.С.(60) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Zastava М-80“ калибар 12мм и дозвола за оружје. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Конче
Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации
Published
1 месец agoна
октомври 15, 2026By
Media Press
Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации, на барање на граѓаните за одбор и рекреација.
„Деновиве започнавме со изградба на летниковци на две локации – едната во м.в. „Дабјата“, во атарот на село Лубница, а другата ќе биде лоцирана на раскрсницата во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“. Со изградбата на овие два летниковци се опфаќаат локации кои најмногу ги користат граѓаните, случајните минувачи и посетителите на Општина Конче“, истакна градоначалникот Златко Ристов.
Ристов вели дека овие летниковци се градат на барање на граѓаните, за да имаат каде да одморат во топлите летни денови. Општина Конче како што вели градоначалникот продолжува со создавање уредени и пријатни места за одмор и престој на своите граѓани и посетители.
Конче
Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција
Published
3 месеци agoна
август 17, 2026By
Media Press
На 15.08.2026 во 20:00 часот во село Горни Липовиќ, општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(50) од село Горни Липовиќ.
Според пријавеното, тој околу 17:20 часот во атар на село Горни Липовиќ држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција, кои преземале службени дејствија. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По целосно документирање на случајот против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

