Connect with us

Конче

Лозарите и овоштарите од општина Конче денеска го прославија празникот Свети Трифун

Avatar

Published

на

Православните христијани денеска го слават Свети Трифун,   празник познат по обредното закројување на лозјата,  заштитник на лозовите и овошните насади. Лозарите и овоштарите од општина Конче денеска  го прославија празникот свети Трифун. Традиционално органзирани во групи  ги посетија своите овошни и лозови насади и го направија обичајот, да закројат и да залијат со црвено вино но и да се помолат за бериќетна година.

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов и годинава ги придружуваше лозарите и заедно со нив закрои. Тој  заедно со овогодишниот кум Горан Милев, на  лозарите им посака богат род и бериќетна година.

По закројувањето веќе неколку години по ред  прославата продолжува  во манастирот Свети СТЕФАН   на која се собираат голем број  лозари од Конче кои ја почитуваат оваа традиција, со вино и ракија да наздрават за уште една бериќетна година.  Прославата ја организира избраниот кум од минатата година  со помош на останатите лозари и со поддршка од општината и од спонзорства и истата освен со ручек е збогатена и со добра музика.

Кумот традиционално  дели  лепче со паричка за да се одреди кумот за наредната година кој ќе биде органзиатор на прославата. 

Свети Трифун  бил младо сиромашно момче со голема вера во бога и неговите молитви господ ги исполнувал, лекувал и им помагал на лугето, а се молел и за богат род на овошките и лозјето, затоа се смета за заштитник на лозарите и овоштарите.

Според црквата Свети Трифун воопшто не бил пијаница, како што велат некои кои бараат оправдување ако се напијат повеќе ракија или вино, одколку што треба.

Конче

Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, Општина Конче

Avatar

Published

на

Општина Конче продолжува со изградба и уредување на пристапни патеки и улици во наслените места во општината. Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, објави градоначалникот Златко Ристов на социјалните мрежи.

Претходно е завршено со изградба и уредување на прстапни патеки и улици во Конче, а сега продолжува овој проект по останатите населени места.

Прочитај повеќе

Конче

Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче

Avatar

Published

на

Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче, на првиот училишен ден, кој останува за паметење кај повеќе првоодделенчиња.

Со пригодна програма од учениците вработените во училиштетото им посакаа добредојде на првачињата.

Среќен почеток во новата учебна година на сите дечиња кои го прават првиот чекор во училишните клупи, посака и градоначалникот Златко Ристов, кој беше присутен на свеченоста за прием на првачињата.

„За таа цел заедно со Советот на општина Конче доделуваме ваучери по 6 000 денари кои денеска ги исплативме на сметките на родителите.Тука нема да застанеме и продолжуваме со подршка на учениците од ООУ “Гоце Делчев” Конче. Децата се нашата иднина“ вели градоначалникот Ристов.

Прочитај повеќе

Конче

Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши прскање против комарци

Avatar

Published

на

Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши ларвицидна дезинсекција и дезинсекција против возрасни комарци.

„Ве известуваме дека на ден 27.07.2023 година (Четврток) со почеток од 18 часот ќе се изврши ларвицидна дезинсекција, а дезинсекција против возрасни комарци во 20 часот. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да превземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. Благодариме за разбирањето!!“ стои во соопштението од Општина Конче.

Прочитај повеќе