Радовиш
Кои се придобивките од здравиот начин на исхрана, предавање во ООУ” Крсте Петков Мисирков” во Радовиш
Published
10 месеци agoна
By
Media PressПредавање за влијанието на здравата храна врз развојот кај децата и придобивките од здравиот начин на исхрана беше одржано во ООУ” Крсте Петков Мисирков” во Радовиш. Предавањето се реализираше во соработка на нутриционистот Валентина Глигорова, а со поддршка на Советот на родители на училиштето.
Директорката на училиштето Гордана Здрвакоска, со мал вовед ги запозна ученици колку здравата исхрана е значајна за секого.

„Постојат два вида убавина, надворешна и внатрешна“ рече Здравкоска појаснувајќи дека до надворешна убавина се доаѓа со обично дотерување, но внатрешната зависи од исхраната и од чувствата, односно мислите.
Нутриционистот Валентина Глигорова во своето предавање ги запозна учениците колку овошјето и зеленчукот се важни за нивниот развој, за да се изградат во една здрава личност.
„Најмногу во текот на денот треба да консумираме овошје и зеленчук, околу 80 % од нашата исхрана а 10% се протеини. Денот треба да го започнеме со овошје бидејќи во него имамаме чисти шеќери, тоа ни дава енергија да издржиме во текот на денот, исто е значајно да јадеме и зеленчукот, а се друго доаѓа потоа , житарки, месо, риба, јајца…“, вели Глигорова.

Поврзани содржини
Одбележан Светскиот ден за борба против дијабетес во Радовиш
ООУ „Крсте Петков Мисирков“организира хуманитарен настан: Играме одбојка за инклузивна градина
Oдбележан 21 март -Денот на пролетта и Светскиот ден на поезијата во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш
ООУ „Крсте Петков Мисирков“, Радовиш, беше домаќин на Општински натпревар по математика
Со пригодна програма ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш го одбележа својот Патронен празник
Со програма за пречек на првачињата започна новата учебна година во ООУ Крсте Петков Мисирков, Радовиш
Радовиш
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.
Радовиш
Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.
Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.
Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.
Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.
На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.
Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
