Радовиш
Јавен повик за распределба на средства од областа на социјалната, детска и здравствена заштита од општина Радовиш за 2023 година
Published
1 година agoна
By
Media PressОбјавен јавен повик за распределба на средства од Буџетот на Општина Радовиш на здруженија на граѓани и други правни лица од областа на социјалната, детска и здравствена заштита од општина Радовиш за 2023 год.
Потребни документи за поднесување се :
-годишна програма за работа и финансиски план за 2023 год.;
-извештај за потрошените средства добиени од општина Радовиш за 2022 год.;
-копија од завршна сметка (за здруженија чии годишен приход е поголем од 2,500 евра) или копија од одлука од Цент.регистар (доколку год. приход е помал од 2,500 евра);
-копија од тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М. (не постара од 6 месеци);
-потврда за отворена и активна жиро сметка.
Период за доставување на документите е 7 (седум) дена од денот на објавувањето на јавниот повик, заклучно со 16 февруари.
Пријавите се поднесуваат на адреса на ЕЛС општина Радовиш, бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш, или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш, со назнака : За јавен конкурс бр.
Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани, стои во објавениот јавен повик од Општина Радовиш.
Поврзани содржини
JАВЕН ПОВИК за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш во областа на социјалната, детска и здравствена заштита во 2024
Јавен повик за распределба на средства од Буџетот на Општина Радовиш од областа на културата за 2024 година
JАВЕН ПОВИК за распределба на средства од буџетот на Општина Радовиш на спортски клубови, здруженија и сојузи за 2024 година
Распишан нов јавен повик за набавка на педигриран добиток со поддршка до 10 милиони денари по корисник
Јавен повик за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства
ЈАВЕН ПОВИК за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш
Радовиш
Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна
Published
2 дена agoна
април 17, 2024By
Media PressДолгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.
Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.
Радовиш
Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш
Published
4 дена agoна
април 15, 2024By
Media PressИзложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.
Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.
Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.
Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.
Радовиш
Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш
Published
5 дена agoна
април 14, 2024By
Media PressОпштинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.
Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.
Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.