Радовиш
Николајчо Николов и годинава за својот роденден не ги заборави своите пријатели од ДЦ Порака од Радовиш
Published
10 месеци agoна
By
Media PressТрадиција која трае 15 година продолжува и годинава. Корисниците на дневниот центар Порака од Радовиш и овој 10 февруари роденденот на нивниот пријател Николајчо Николов го прославија со ручек во ресторан Амбасадор во Радовиш. Од девниот центар Порака се благодарни за овој хуман гест и со задоволство ја прифатија поканата, но и возвратија со подарок специјално подготвен за Николајчо и неговата сопруга.

Николов вели дека веќе 15 години го прославува својот роденден со корисниците од Порака. Традицијата започнала уште кога бил заменик генерален директор на Рудникот Бучим. Кога со свои колеги го посетувале дневниот центар Порака за да им помогнат и да донираат средства или опрема за опремување на дневниот центар, како општествено одговорна компанија, тој ги засакал корисниците и сватил дека за да бидат среќни им треба само мало внимание. И тогаш решил својот роденден да го прославува заедно со нив, но и да им подари по 1000 денари за да си купат нешто, на што вистински се израдувале бидејќи тоа било само нивна паричка.
Иако е веќе во пензија, Николов сепак не ги заборава своите пријатели од Порака и повторно својот роденден го прослави најпрво со нив, со ручек во ресторан и роденденска торта. Тој и годинава и подари паричка за тие да си купат што сакаат и да се сеќаваат на неговиот родеден.

Николов е добар пример за многумина, наместо богати роденденски забави да им пружат радост на овие лица кои знаат да се радуваат и да ги почувствуваат убавините на животот, но знаат и да се зблагодарат за обично парче роденденска торта. Тие беа среќни што денеска се излезени во ресторан на ручек и му подарија честитка на својот пријател, изработена на обичен лист хартија но со силна порака, му посакаа да живее до 100 години.




Радовиш
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.
Радовиш
Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.
Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.
Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.
Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.
На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.
Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
