Македонија
Приведен криумчар на мигранти во обид да превезе 20 лица мигранти од Сирија, преку граница
Published
2 месеци agoна
By
Media Press
На 04.02.2023 во 12.00 часот на граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Стар Дојран го лишиле од слобода М.К.(47) од Република Србија. Во содејство со царински службеници била извршена контрола во товарното возило „даф” со полуприколка со српски национални ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени 20 лица мигранти од Сирија.
Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Поврзани содржини
Приведен струмичанец, агресивно се однесувал кон полициски службеници
Приведен криумчар на мигранти
Приведенo 24 годишното момче кое со возило помина низ радовишкото шеталиште
Приведен струмичанец кој избегал од затвор
Приведен гевгеличанец за упатување на закани кон вработените во Здравствениот дом
Македонија
Се замрзнуваат цените на тоалетната хартија, влошките, влажни марамчиња, пелените
Published
2 часа agoна
март 29, 2023By
Media Press
На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница ќе донесе Одлука со која се утврдуваат највисоки цени на трговија на мало на хигенски производи.
Согласно одлуката се утврдуваат највисоки цени на тоалетна хартија,влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни (дајперси) и хигиенски влошки кои се применувале на 20 март во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 13%, информира министерот за економија Крешник Бектеши.
„Оваа одлука се носи
согласно анализите направени во Министерството за економија имајќи ги во
предвид податоците од Царинската управа. Во делот на тоалетна хартија цените на
тоалетната хартија се движеле од 94,8 денари до 343,3 денари, од 1 март до 24
март 2023 година цената се движела од 94,8 денари до 205 денари а со пресметано
ДДВ од 11 денари до 241 денар, а 85% од тоалетната хартија е од увоз. Кај
влажните марамици цената се движи 94,6 денари во јануари, 94,5 денари во
февруари и 83,2 денари во месец март 2023. Редовната царина е 6%. За пелени за
деца и возрасни (дајперси) се движи 36, денари по парче до 1.600 денари по
кутија, а кај за хигиенски влошки се движи 27,9 денари по парче до 63,56 денари
по парче. Редовната царина е 6%“ кажа министерот Бектеши.
Министерот додаде дека одлуката за хигенските влошки
се носи пред се бидејќи Законот за намалување на ДДВ на овие производи сеуште
не е усвоен во Собранието.
“Имајќи во предвид дека за жал во собраниска
процедура од декември минатата година има законско решение за овие производи за
намалување на ДДВ од 18 на 5%, но сеуште ова решение не е разгледано во
Комисијата за фианнсирање и Буџет во Собранието“ кажа министерот Бектеши.
Оваа одлука стапува на сила по објавување во Службен
весник, а ќе се применува од 1 април до 31 мај 2023 година.
Македонија
МЗШВ: Следат ниски температури – Апелираме за навремено преземање мерки за заштита на овошните насади
Published
1 ден agoна
март 28, 2023By
Media Press
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ги информираат земјоделците дека во наредните денови 29 и 30 март (среда и четврток) земјата ќе биде зафатена од ниски температури под нулата.
Минималните температури на 29 март ќе изнесуваат -5 степени во Крива Паланка, -4 во Ресен и Битола, -3 во Прилеп и Тетово, – 2 во Скопје, Струмица и Кочани, -1 во Демир Капија и Штип, додека 0 степени ќе биде минималната температура во Кавадарци. За 30 март пак минималната температура ќе изнесува -4 степени во Крива Паланка, – 3 во Битола, -2 степени во Струмица, Ресен и Тетово, а -1 во Скопје и Прилеп.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на овошните насади од измрзнување.
Македонија
Левица: Двојазичните униформи се очаен обид за спас на ДУИ
Published
1 ден agoна
март 28, 2023By
Media Press
Минатата недела, противуставно и незаконски стапи во сила Уредбата со кои полициските униформи стануваат двојазични. Ваквата скандалозна одлука се имплементира кога се случува силен раскол во раководството на ДУИ, со кој оваа партија прв пат се соочува, велат од политичката партија Левица.
Заедно со иредентистичките изблици на градоначалникот на Кичево, Фатмир ДЕХАРИ кој организираше скандалозна прослава за “десет години Кичево под албанска власт”, јасно е дека ДУИ повторно прибегнува кон отворен шовинизам и негирање на македонскиот суверенитет во очаен обид да го спаси својот рејтинг.
Оваа амнестирана партија, која 20 години владее неказниво, нема капацитет да спроведе никакви економски, социјални и политички реформи и затоа го губи постепено легитимитетот за владеење, за што доказ е руинираната состојба на општините со кои раководат нивните градоначалници. Молкот на Ковачевски пред ваквите анти-државнички потези на ДУИ покажува дека СДС е малцинска партија во владината коалиција, која во своите фази на историски РАСПАД, е подготвена да ги испорача сите иредентистички барања на ДУИ.
Потсетуваме дека Венецијанската комисија донесе МИСЛЕЊЕ дека не смее да се носат подзаконски акти кои ќе се повикуваат на Законот за употреба на јазиците (објавен без потпис на Претседателот на РМ), поради што стапувањето во сила на оваа уредба е спротивна на сите меѓународни начела.
Како и во случајот со воведувањето етничка припадност во лични карти – кое ефективно беше спречено поради јавниот притисок на Левица и експертите – повторно само #Левица се изјасни против двојазичноста на униформите и истите ги оспори пред Уставен суд.
Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред една година тврдеше дека двојазичните униформи се само дефокус за јавноста и дека тоа е “уставна материја во која нема да се меша”. Молкот на ВМРО-ДПМНЕ откако двојазичните униформи станаа реалност потврдува, како и во случајот со етничка припадност во лични карти, дека оваа партија е подготвена да биде учесник во ваквите ИРЕДЕНТИСТИЧКИ процеси, само за да му се допадне на албанскиот политички блок. Повторно се потврди дека ниту еден процес со кој е загрозен суверенитетот и интегритетот на Републиката, не може да се спроведе без учество на партијата на Христијан Мицкоски“, стои во реакцијата од Левица.
Преземно од: https://www.facebook.com/PartijaLevica
Компаративно-правната анализа заклучува дека најголемата група европски и светски држави користат исклучиво САМО ЕДЕН ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК на полициските и воените униформи (пр. Албанија, Естонија, Латвија, Литванија, Португалија, Полска, Романија, Словенија, Хрватска, Франција, Шпанија и Шведска), потенцираат од Левица.

Се замрзнуваат цените на тоалетната хартија, влошките, влажни марамчиња, пелените

Задача за прво одделение во кинеско ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ: Дали можеш да ја решиш?

11 строги правила кои жените во САУДИСКА АРАБИЈА МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВААТ!

Како да направите ефективни промени во внатрешноста на вашиот дом?
