Регион
Mediapress.mk истражува, како Општина Струмица и Општина Вланадово го решиле проблемот со погребалните услуги
Published
4 месеци agoна
By
Media Press
По реакцијата во јавноста, откако ЈП Плаваја, Радовиш соопшти дека се појави фирма – оператор за вршење на погребални услуги во Радовиш, со што автоматски тие престануваат да ја вршат оваа услуга, а за што граѓаните ќе треба да плаќаат на приватниот оператор за основен пакет од 15 до 18 илјади денари, плус трошоци за превоз, ТВ Кобра и mediapress.mk направија истражување, како овој проблем е решен во некои од соседните општини.
За Општина Струмица погребалните услуги веќе десетина години не претставуват проблем. Бидејќи како што дознаваме од ЈП „Комуналец“ од Струмица, овие услуги оддамна не ги извршува јавното претпријатие, односно уште по донесувањето на Законот за погребални услуги од 2010 година , за одземање на надлежностите на јавните претпријатија. И одтогаш погребалните услуги ги вршат приватни оператори.
Во Општина Струмица засега такви услуги вршат три лиценцирани оператори и граѓаните можат да бираат, каде им е поевтино.
ЈП Комуналец, не наплаќа во своите сметки за погребални услуги, откако престанало да ја врши и услугата. Собраните средства додека функционирал солидарниот фонд биле искористени за тој период од пред десетина години.
„Сега ЈПКД „Комуналец“ врши само управување со гробишта односно одржување на гробишта за што граѓаните добиваат фактура од 600 денари годишно и тоа оние кои имаат сопствен гроб. Затоа пак оние кои немаат сопствен гроб и не плаќаат за одржување по 600 денари годишно, кога ќе имаат потреба, ќе треба да си купат гробно место кое се продава по цена од 6.000 денари како најевтин горб, па нагоре“, велат од ЈП Комуналец, Струмица.
Инаку како што дознаваме приватни оператори веќе ги вршат погребалните услуги и во населените места во Општина Струмица.
Во Општина Валандово, од 2020 година, погребалните услуги исто така ги врши еден приватен оператор. ЈП „Комунален Сервис“ одтогаш не наплаќа солидарен фонд за погребални услуги, туку само за управување односно одржување на гробишта, по 50 денари месечно. Со услугите на приватниот оператор како што дознаваме од ЈП Комунален Сервис, се опфатени и населените места во Општина Валандово.
Радовишани оваа година се соочија со проблемот околу погребалните услуги бидејќи годинава за прв пат се појави фирма – оператор за да го врши овие услуги. Со тоа на ЈП Плаваја и се одзема надлежноста за да врши погребални услуги. останува само да ја врши услугата управување и одржување на гробишта, за што граѓаните ќе плаќаат месечно по 50 денари. Но градоначалникот на Општина Радовиш заедно со Советот и ЈП Плаваја бараат решение и се во координација со урбаните и месните заедници, како да продолжи солидарниот фонд, со цел да им се понуди на граѓаните најдоброто решение. Односно да се обезбеди достоинствен погреб и за оние кои имаат и за оние кои немаат финансиски средства, на судниот ден.
Поврзани содржини
Општина Радовиш организира јавна трибина, граѓаните беа информирани околу солидарниот фонд за погребални услуги и комуналната такса
Консултативен состанок со претставници од месните и урбаните заедници во Општина Радовиш, се бара решение околу погребалните услуги
Кој општини во регионот бележат намалување а кој зголемување на бројот на вработени, според истражувањето на ЦГК, Скопје
Здружение за истражување и анализи – ЗМАИ oбјавува јавен Повик за учество на бесплатни онлајн обуки за кариерно советување
Новинарите и медиумските работници стравуваат од вирусот, но и од губење на работата
Со ставот „живеј денес и не мисли за утре“ се сложуваат дури четвртина од македонските граѓани
Регион
Приведени двајца криумчари на мигранти кај „Раскрсница Удово“, сузбиена е и меѓународна група за криумчарење мигранти
Published
22 часа agoна
јуни 6, 2023By
Media Press
Приведени двајца криумчари на мигранти кои превезувале 10 лица мигранти од Сирија.
Вчера околу 19.20 часот на регионалниот пат Удово – Демир Капија, кај место викано „Раскрсница Удово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица ги лишиле од слобода М.С.(22) од с.Желино, тетовско и А.Џ.(20) од Тетово.
А.Џ. се сомничи дека со патничко возило „мерцедес“ со словачки национални ознаки, превезувал 10 лица мигранти од Сирија, а М.С. со патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки бил претходница на возилото на А.Џ..
Имено, околу 16.20 часот на автопатот А1, кај клучка Смоквица, полициски службеници дале знак за запирање на возилото „мерцедес“ со словачки национални ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење. Набргу, кај место викано „Раскрсница Миравци“ возачот изгубил контрола, излетал од коловозот, по што побегнал. Притоа, во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, кои биле смeстени во Прифатно – транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка.
По преземени мерки, во 19.20 часот кај Удово, лицата биле пронајдени и лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така вчера била сузбиена организирана меѓународна група за криумчарење мигранти, при што се приведени 10 лица.
Како што информира МВР вчера од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, Секторите за внатрешни работи Куманово, Скопје, Струмица и Регионалните центри за гранични работи Југ и Исток, под раководство на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, во рамките на криминалистичка истрага која се води под псевдонимот „Исар“, била спроведена координирана полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група, која го извршувала кривичното дело криумчарење мигранти.
„Криминалистичката истрага над организираната 17-члена група, која е дел од меѓународен канал за криумчарење на мигранти, се спроведуваше од јули 2021 година до мај 2023 година. Оваа организирана криминална група врз основа на претходен договор со лица од Србија, Бугарија, Унгарија и РСМ, организирале криумчарење на мигранти од Грција кон Унгарија и од Бугарија кон Србија, со крајна дестинација во земјите на ЕУ.
Во зависност од бројот на криумчарените мигранти, како и локациите и возилата со кои се преземани и превезувани мигрантите од страна на криминалната група од РСМ преку териториите на Србија, Унгарија и Бугарија, цената на транспорт по лице која ја исплаќале мигрантите се движела од 2000 до 4000 евра.
Во текот на истрагата утврдено е лице – организатор по потекло од Ирак, со германски травел документи, член на меѓународната криминална група на криумчарење на мигранти, кој по претходна комуникација со организаторите од РСМ договарал прифаќање и превезување на илегални мигранти на територијата на Бугарија и Унгарија, за што преку брз трансфер на пари, преку лица посредници од Турција вршел трансфер на пари кон организаторите од РСМ“ соопштува МВР.
Поднесена мила кривична пријава против 17 лица, 9 лица од Куманово, 4 од Кратово и по едно лице од Скопје, Штип и Струмица
Регион
Кире Пиличев избран како координатор на сниматели за Југоисточниот регион
Published
2 месеци agoна
март 30, 2023By
Media Press
Секцијата на сниматели при ЗНМ во состав од Ристо Мишев, Зоран Догов и Адријана Јовановска остварија средба и работен состанок со колегите сниматели во Велес.
На средбата беше разговарано за многу теми кои ги засегаат колегите дописници, нивниот статус и условите во кои работат, а беа споделени и искуства со кои се соочуваат сeкојдневно. „Покрај вообичаените проблеми со кој се соочуваат како и нашите колеги од Скопје, ние снимателите дописници и сниматели во локални и регионални медиуми се соочуваме и со егзистенцијални проблеми, со тенденција да исчезне овој дел од фелата т.е. сниматели за телевизии. Екстремно ниските примања се повеќе ја прават оваа работа непосакувана од нашите колеги кои прибегнуваат кон други форми на заработка од својот занает, свадби и слично“ посочи Кире Пиличев, координатор за струмичкиот регион во рамките на Секцијата на сниматели.

Од страна на останатите колеги беше потенцирано дека снимателите – дописници нема смена и работно време, тоа значи дека му се скратени и можностите за заработка од друга работа. На работниот состанок во Велес каде што присуствуваа колегите сниматели од штипскиот, велешкиот и струмичкиот регион се разговараше и за унапредување на комуникацијата и соработката меѓу снимателите и новинарите.
Средбата помина во одлична атмосфера каде колегите избраа и свои координатори кои ќе ги претставуваат и ќе ги информираат за активностите во иднина на секцијата на сниматели при ЗНМ. За координатор на регионите Велес, Куманово, Свети Николе и Кавадарци е избран Иван Камчев, Кире Пиличев беше избран како координатор за Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово и Виктор Ефремов од Штип за координатор за Штип, Кочани и Делчево.
Регион
Денеска во Струмица, превентивни активности во рамки на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“
Published
2 месеци agoна
март 24, 2023By
Media Press
Министерството за внатрешни работи, а со тоа и Секторот за внатрешни работи Струмица денес започна со реализирањето на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“.
Во рамките на кампањата денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица со делење на летоци и непосреден разговор со граѓаните ја потенцираа пораката на оваа кампања дека полицијата постои за да биде во служба на заедницата, да креира побезбедни средини за граѓаните каде тие ќе чувствуваат поголема сигурност.
„Факт е дека граѓаните најдобро знаат со какви предизвици се соочуваат во заедницата во која живеат. Преку нивното идентификување, анализа и коренито решавање имаме за цел да влијаеме за долгорочно намалување на тие проблеми.
Станува збор за концепт кој го развиваме во последните неколку години, а за тоа говорат и бројните превентивни активности кои ги реализиравме на подрачјето, меѓу кои „застани разговарај“, „заштита од провални и дрски кражби“, „заштита од измами“, „стоп за возење под дејство на алкохол“, „паркирај совесно, паркирај одговорно“ и други.
Истражувањата и анкетите покажуваат дека довербата во полицијата расте, благодарение на зголемената ефикасност на полицијата и намалување на криминалитетот кое нешто го потврдуваат и податоците според кои:
– Во текот на 2022 година на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица биле пријавени 260 кривични дела „тешка кражба“, а бројот на овие дела во 2021 бил 299.
– Во текот на 2022 година на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица биле пријавени 98 кривични дела „ кражба“, а бројот на овие дела во 2021 бил 131.
– Во текот на 2022 година на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица биле пријавени 9 кривични дела „ разбојништво“, а бројот на овие дела во 2021 бил 19.
Во однос на откривачката дејност во текот на 2022 година реализирани се:
– 41 % од пријавените тешки кражби;
– 40 % од пријавените кражби и
– 100 % од пријавените разбојништва“, соопштува СВР Струмица
Во наредните саботи во Валандово, Радовиш и Гевгелија ќе биде реализирана кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“, со цел уште повеќе да ја доближиме полицијата до граѓаните, да градиме доверба и со меѓусебна соработка да ја зголемиме безбедноста, која е од заеднички интерес за сите нас, стои во известувањето до СВР Струмица.

Три јавни повици за субвенции за микро, мали и средни компании за занаетчии и за дигитализација за женско претприемништво

Објавен е јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Приведени двајца криумчари на мигранти кај „Раскрсница Удово“, сузбиена е и меѓународна група за криумчарење мигранти

Во тек се неколку работни активности во Општина Радовиш
