Македонија
Левица: Бугарската официјална политика ја загрозува ДРЖАВНАТА БЕЗБЕДНОСТ
Published
7 дена agoна
By
Media Press
Во пресрет на годишнината од раѓањето на таткото на македонската нација Гоце Делчев, загрозена е безбедноста на државата со субверзија на народниот суверенитет, изразен во функциите на власта – преку закана за атентат на Врховниот командант на вооружените сили на Република Македонија од страна на бугарскиот политичар, европратеник, терорист и фашист Ангел Џамбазки“, реагира политичката партија Левица.
Од левица додаваат дека доколку после ваквите отворени закани Џамбаски повторне влезе во Македонија веднаш да се закажат избори.
„Доколку Ангел Џамбазки, после ваквите отворени закани, влезе на територијата на Република Македонија, Стево Пендаровски и Владата на Република Македонија веднаш да дадат оставка и да се закажат избори на сите нивоа поради нивната неспособност да го заштитат територијалниот интегритет и суверенитет на Републиката. Во спротивно, нивниот опстанок на власт дополнително ја подрива националната безбедност, со кој виталните државни институции се ставаат под контрола на бугарските тајни служби“, стои во реакцијата од Левица објавена на следниот линк: https://www.facebook.com/search/top?q=%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B0
Поврзани содржини
Левица отвори своја канцеларија во Радовиш
Левица: Воведена противуставна двојазичност во стопанството на целата територија на Македонија
ЛЕВИЦА оддаде почит на гробот на Тито на денот на Републиката 29-ти ноември
ЛЕВИЦА со отворено писмо до институциите на ЕУ – бара осуда за ФАШИСТИЧКИТЕ КЛУБОВИ
Левица ќе даде парламентарна и теренска поддршка за спроведување на Референдумот, во духот на семакедонското обединување
ЛЕВИЦА ќе ги оспори двојазичните униформи на полицијата пред Уставен суд
Македонија
МВР ги потсетува граѓаните на обврската за промена на регистарските таблички со ознака “МК“ со ознаката “NMK“
Published
10 часа agoна
февруари 1, 2023By
Media Press
Заклучно со 12.02.2024 година сопствениците на возила мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката “МК“ со ознаката “NMK“ информира Министерството за внатрешни работи и ги потсетува граѓаните на обврската .
Имено, согласно член 27 став (1) алинеја 5 од Законот за возила и согласно член 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање, сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака ,,МК”, издадени до денот на отпочнување со примена на овој правилник (15.01.2021 година), односно таквите таблички можат да се употребуваат најдоцна до 12.02.2024 година, стои во известувањето од МВР.
Македонија
Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, прометот е намален за околу 5%, за декември 2022 во споредба со декември 2021
Published
14 часа agoна
февруари 1, 2023By
Media Press
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во декември 2022 година, во споредба со декември 2021 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 46.5 %, а реално за 28.4 %).
Според статистика во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, прометот е номинално зголемен за 15.7 %, а реално е намален за 5.1 %, Трговија на мало, освен трговија со горива прометот е номинално зголемен за 8.7 %, а реално е намален за 5.3 % и Трговија на мало со непрехранбени продукти прометот е номинално зголемен за 2.5 %, а реално намален за 5.1 %.
Македонија
Индустриското производстви во декември 2022 во однос на декември 2021 бележи опаѓање
Published
14 часа agoна
февруари 1, 2023By
Media Press
Индустриското производстви во декември 2022 во однос на декември 2021 бележи опаѓање, пораст има во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, изнесува 98.7.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи опаѓање од 2.3 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 2.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 11.6 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.1 %, Капитални производи за 0.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 16.9 %, додека пораст бележи кај Енергија за 10.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.3 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – декември 2022 година, во однос на периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 99.7.

И годинава богата програма за Струмичкиот карневал кој ќе се одржи во февруари

Како да ја пресметате ИДЕАЛНАТА ВИСИНА НА ПОТПЕТИЦИТЕ: Во нив нема да ве болат стапалата!

5 МОДНИ ПРАВИЛА ЗА ЖЕНИ НАД 50 ГОДИНИ:

Работи кои не треба да ги чувате во спалната соба: Според филозофијата на ФЕНГ ШУИ, тие можат да ви донесат несоница и лошо расположение!
