Connect with us

Македонија

За синдикатите во Македонија несериозно е дури да се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање

Avatar

Published

на

За синдикатите во Македонија несериозно е дури да се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање. Наместо зголемување на границата, Слободан Трендафилов од ССМ укажува на потребата од воведување повеќе модели за поволни услови за пензионирање.

 Нивните конкретни предлози се доставени уште од 2020 година, а се однесуваа на следните предлози: воведување на пензионирање врз основа на стаж без оглед на нивната старосна возраст, можност за се докупи стажот при предвремено пензионирање и воведување бенифициран стаж за одредени категории граѓани. Социјалниот дијалог во поглед на овие модели за пензионирање е прекинат во 2021 година, но Трендафилов вели дека идејата на ССМ и тогаш и сега е иста.

„Работната сила во Македонија треба да се обнови. Треба да ги задржиме младите работници во Македонија. Не треба да ги испраќаме во странство да градат туѓи бизниси и на начинот на кој ќе ги ослободиме работните места, без разлика дали се работи за приватниот или јавниот сектор, преку воведување на новите модели за пензионирање, ќе овоможиме овие млади работници побрзо да се вработат и поефикасно да ги извршуваат своите работни задачи, да добиеме поефикасен јавен и приватен сектор, што ќе придонесе за целосно заздравување на економијата во државата“, вели Трендафилов.

Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен Репрезентативен претставник на работниците во државата, бараше да се воведат и следните услови за пензионирање:

– Старосна пензија – по работен стаж

• 35 години работен стаж – жена – без оглед на годините на возраст

• 40 години работен стаж – маж – без оглед на годините на возраст

– Старосна пензија – по возраст или работен стаж – по дејности

Работниците во државата се вработени во различни дејности и извршуваат работни задачи кои се различни по тежина и по услови каде тие се извршуваат. Затоа е потребно со закон да се предвидат едни услови за пензионирање на градежен работник, на текстилен работник, на рудар од оној работник на пример што е вработен во администрација. Доколку се утврдат различни услови на пензионирање тие ќе бидат со право на избор на работниците, а не задолжителни, од волјата на работникот ќе зависи под кои услови ќе сака да се пензионира.

– Предвремена старосна пензија по возраст

Се предлага да се воведе право на работниците на предвремена старосна пензија која би се остварувала по условот возраст од 60 години, со минимум работен стаж од 15 години.

Корисници на предвремена старосна пензија можат да бидат работници кои работат но, неможат да продолжат да работат од одредени причини (здравствени, работни, а неможат да се прогласат инвалиди, поради стечај или ликвидација) или се невработени, а го исполнуваат условот – минимум 15 години работен стаж. Овој вид на пензија би се остварувала исклучиво по вoлја и барање на работникот.

Овој услов за пензионирање во скоро сите земји од Европската Унија е познат како општ услов за пензионирање и тој се остварува на 60 години возраст.

– Неполна старосна пензија по возраст

• да се овозможи на работниците сами да го платат придонесот за пензиско и инвалидско осигурување доколку го немаат исполнето условот минимум 15 години работен стаж,

• правото на само уплатување на придонесот, да го имаат работници на кои им недостасуваат до 3 години работен стаж од минималните 15, а го исполнуваат условот возраст ( 62, односно 64 години).

– Воведување на бенефициран стаж за градежните работници како и во други дејности каде што работните задачи се одвиваат во особено тешки услови за работа кои штетно се однесуваат на животот и здравјето на работниците.

Повеќе можете да прочитате на линкот: https://www.slobodnaevropa.mk/…/%D0%BF%D0…/32232234.html

Македонија

МВР ги потсетува граѓаните на обврската за промена на регистарските таблички со ознака “МК“ со ознаката “NMK“

Avatar

Published

на

Заклучно со 12.02.2024 година сопствениците на возила мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката “МК“ со ознаката “NMK“ информира Министерството за внатрешни работи и ги потсетува граѓаните на обврската .

Имено, согласно член 27 став (1) алинеја 5 од Законот за возила и согласно член 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање, сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака ,,МК”, издадени до денот на отпочнување со примена на овој правилник (15.01.2021 година), односно таквите таблички можат да се употребуваат најдоцна до 12.02.2024 година, стои во известувањето од МВР.

Прочитај повеќе

Македонија

Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, прометот е намален за околу 5%, за декември 2022 во споредба со декември 2021

Avatar

Published

на

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во декември 2022 година, во споредба со декември 2021 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 46.5 %, а реално за 28.4 %).

Според статистика во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, прометот е номинално зголемен за 15.7 %, а реално е намален за 5.1 %, Трговија на мало, освен трговија со горива прометот е номинално зголемен за 8.7 %, а реално е намален за 5.3 % и Трговија на мало со непрехранбени продукти прометот е номинално зголемен за 2.5 %, а реално намален за 5.1 %.

https://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=104

Прочитај повеќе

Македонија

Индустриското производстви во декември 2022 во однос на декември 2021 бележи опаѓање

Avatar

Published

на

Индустриското производстви во декември 2022 во однос на декември 2021 бележи опаѓање, пораст има во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, изнесува 98.7.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи опаѓање од 2.3 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 2.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 11.6 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.1 %, Капитални производи за 0.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 16.9 %, додека пораст бележи кај Енергија за 10.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.3 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – декември 2022 година, во однос на периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 99.7.

Прочитај повеќе