Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш заедно со православната црква од Радовиш и годинава дел од организацијата за празникот Богојавление

Media Press

Објавено на

Општина Радовиш и годинава ќе биде дел од организацијата на Традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш кое ќе се изврши во базенот „Шампион“.

Традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш за големиот христијанскиот празник Богојавление – Водици и годинава ќе биде извршено во малиот базен Шампион.  

Како што информираат од Православната црква од Радовиш на 19 јануари во четврток во двете цркви Свети Пророк Илија и Света Троица, ќе се одржи Света Богослужба со почеток во 07:30 часот. Во 10 часот ќе биде извршено лицитација на Светиот крст.

 Во 10:15 часот тргнување на литијата на чело со свештениците и верниците кои ќе присуствуваат на Светата Литургија, од црквата Свети Пророк Илија, која ќе се спои со верниците од црквата Света Троица, ќе се оди до базенот Шампион. Во 10,45  ќе се освети водата во Базенот по што  ќе биде ставен Светиот крст во осветените води по кој ќе се фрлаат веќе подготвените и пријавени лица за да го фатат крстот. За оној кој ќе го фати Светиот крст ќе има пригодни подароци од Општина Радовиш, од црквата и од овогодишниот кум Зоран Мицев, кој активно е вклучен во денешните подготовки.

Сите оние кои ќе влезат во базентот за фаќање на чесниот крст до денска 18 јануари да извадат здравствена потврда од матичен лекар и да се пријават во црквата Св. Троица.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе