Радовиш

Традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш ќе се изврши во базенот „Шампион“

Традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш ќе се изврши во базенот „Шампион“, соопштува Православната црква од Радовиш при што го објави и распоредото на Богослижбите.

Традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш за големиот христијанскиот празник Богојавление – Водици и годинава ќе биде извршено во базенот Шампион.  Како што информираат од Православната црква од Радовиш за Богојавленските празници на 18 јануари во двете градски цркви со почеток во 07 часот  ќе се одржат царски часови, Литургија и Голем Водосвет.

На 19 јануари во четврток во двете цркви Свети Пророк Илија и Света Троица, ќе се одржи Света Богослужба со почеток во 07:30 часот. Во 10 часот ќе биде извршено лицитација на Светиот крст.

 Во 10:15 часот тргнување на литијата на чело со свештениците и верниците кои ќе присуствуваат на Светата Литургија, од црквата Свети Пророк Илија, која ќе се спои со верниците од црквата Света Троица, ќе се оди до базенот Шампион. Во 10,45  ќе се освети водата во Базенот по што  ќе биде ставен Светиот крст во осветените води по кој ќе се фрлаат веќе подготвените и пријавени лица за да го фатат крстот.

Сите они кои ќе влезат во базентот за фаќање на чесниот крст да извадат здравствена потврда од матичен лекар и да се пријават во црквата Св. Троица најдоцна до 18. Јануари.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago