Радовиш
Традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш ќе се изврши во базенот „Шампион“
Објавено на
Од
Media Press
Традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш ќе се изврши во базенот „Шампион“, соопштува Православната црква од Радовиш при што го објави и распоредото на Богослижбите.
Традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш за големиот христијанскиот празник Богојавление – Водици и годинава ќе биде извршено во базенот Шампион. Како што информираат од Православната црква од Радовиш за Богојавленските празници на 18 јануари во двете градски цркви со почеток во 07 часот ќе се одржат царски часови, Литургија и Голем Водосвет.
На 19 јануари во четврток во двете цркви Свети Пророк Илија и Света Троица, ќе се одржи Света Богослужба со почеток во 07:30 часот. Во 10 часот ќе биде извршено лицитација на Светиот крст.
Во 10:15 часот тргнување на литијата на чело со свештениците и верниците кои ќе присуствуваат на Светата Литургија, од црквата Свети Пророк Илија, која ќе се спои со верниците од црквата Света Троица, ќе се оди до базенот Шампион. Во 10,45 ќе се освети водата во Базенот по што ќе биде ставен Светиот крст во осветените води по кој ќе се фрлаат веќе подготвените и пријавени лица за да го фатат крстот.
Сите они кои ќе влезат во базентот за фаќање на чесниот крст да извадат здравствена потврда од матичен лекар и да се пријават во црквата Св. Троица најдоцна до 18. Јануари.

Поврзани содржини
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

