Полагање-фрлање на Чесниот Свет Крст на централно ниво во Општина Конче ќе се изврши во водите на реката Крива Лакаавица
„Благопријатно ги известуваме сите верници од Конечка Парохија, и сите граѓани на Општина Конче По повод предстојниот празник ,,БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ,, на ден 19 Јануари 2023 лето Господово на кој празник се чествува и празнува Божјото Јавување, полагање-фрлање на Чесниот Свет Крст на централно ниво ќе се изврши во водите на реката Крива Лакаавица (локација мостот на реката во близината на бензинската пумпа). Организацијата е на на ниво на парохија и на ниво на Општина Конче поддржано од Градоначалникот и Советот на Општина Конче“, соопштуваат од Конечка Парохија.
Чинот на фрлање на Светиот крст во осветените води го најави и градоначалникот Златко Ристов, кој исто така ги повика верниците да бидат дел од одбележувањето на празникот Водици.
„Со задоволство сакам да ве информирам дека почнуваме со традиција за положување на Светиот Крст во осветените води на Крива Лакавица во близина на бензинска пумпа на Макпетрол, како дел од прославата на Водици на централно општинско ниво“, вели Ристов.
Право на учество имаат сите верници од сите села Конче, Лубница, Габревци, Ракитец, Долни Липовиќ, Горни Липовиќ и Дедино, од 15 години па нагоре без ограничување, за што имаат обврска да дадат-подпишат изјава за доброволно учество и потврда дека се психовизички здрави, а за малолетните учесници мора да биде дадена и изјава за родителска согласност.
За учесникот кој ќе го извади Светиот Крст од водите е предвидена и скромна парична награда која награда ќе биде доделена од Градоначалникот од името на сите верници и граѓани на Општина Конче.
Заинтересираните можат и треба да се пријават кај:- парохискиот свештеник Гоце Младеновски – општо за цела парохија -Јонче Петров,с.Ракитец,тел. 070 553 318, -Перо Ангелов,с.Г.Липовиќ,тел.071 605 774, -Блаже Здравев,с.Д.Липовиќ,тел.071 350 487, -Слободан Манев,с.Дедино,тел.071 499 021, -Ванчо Димитров,с.Габревци,тел.071 710 126 -Џовани , Конче и Лубница,тел.071 848 490.
Чинот на полагање-фрлање на Чесниот Свет Крст во водите на реката Крива Лакаавица ќе се изврши од 11 до 11.30 часот на 19 Јануари 2023 лето Господово на празникот Богојавление-Водици.