Василево

Градоначалникот Андонов, домаќин на турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок

Вчера, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов,беше домаќин на амбасадорот на Република Турција во Репулика Македонија, Хасан Мехмет Секизќок и неговите соработници.

На средбата која започна во кабинетот на градоначалникот, во пријателска атмосфера се разговараше за можностите за соработка со конкретизирање на прашања и проблеми во населените места каде што живее турско население а кои бараат решавање на истите.

Амбасадорот  Хасан Мехмет Секизќок изрази подготвеност за секаква соработка со општина Василево и насочување на турските бизнисмени да инвестираат во руралниот развој.  Средбата продолжи со посета на населените места Василево, Градашорци,  Добрашинци, Нова Маала, Чанаклија, Висока Маала и Пиперево, каде беа остварени заеднички средби со турското население во овиое населени места. Заедно со претставници од стручните служби на општината посетена беше и индустриската зона КО Градашорци.

Ова е втора средба на градоначалникот Андонов со амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок и истата птретставува континуитет во соработката на општина Василево со Амбасдадата на РТурција во РСМакедонија.

„Амбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизќок, денес ја посети општина Василево. На средбата се разговараше за повеќе важни теми и области, низ кои континуирано се продлабочува соработката на општина Василево со градови од Турција.

Посебен акцент на средбата беше ставен на економската соработка, која се потврдува и со сериозната заинтересираност на турски компаниии за инвестиции во индустриската зона во нашата општина. Информиравме за отвореноста на локалната самоуправа и поддршката која ја овозможува општината во рамките на својата надлежност и за развој на други бизнис идеи кои ќе придонесат за економско јакнење на општина Василево. По претставувањето на спецификите, особеностите, можностите и капацитетеите со кои располага општина Василево, како и отворено изразената воља за пријателство од наша страна, разговорот се водеше околу можностите за заедничка соработка во повеќе области и реализација на конкретни активности од кои бенефит би имале двете страни. На средбата, разговаравме и за историската поврзаност на двете држави. Се разговараше и за соработката во областа на образованието и културата, а после средбата во кабинетот, со амбасадорот Секизќок, ги посетивме населените места Градашорци, Василево, Добрашинци, Нова Маала, Чанаклија, Пиперево и Висока Маала. Со амбасадорот ја посетивме и индустриската зона во Василево.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago