Радовиш
Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов ја завршува оваа година со хумано дело
Објавено на
Од
Media Press
Последниот работен ден од оваа година градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов го заокружуваме со хумано дело. Градоначалникот Ристов и годинава донира апарат за домаќинство, односно машина за перење на едно семејство во општината.
„Ја продолжувам традицијата, од мене и моето семејство подаруваме онаму кај што е најпотребно , Среќни новогодишни и божиќни празници“, напиша Ристов на својот фејсбук профил.
Претходно тој изјави дека Новата година ќе ја дочека во кругот на семејството а парите што вообичаено се трошат за дочекот на Новата година во ресторан или на некое друго место надвор од градот, тој же ги донира, како и претходната година.
Поврзани содржини

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов стартува со првиот проект од новиот мандат

Митинг на ВМРО -ДПМНЕ во Конче. Кандидатот за градоначалник Златко Ристов: Сега е време да се продолжи со нови проекти, за уште посилен развој и уште подобри услови за сите генерации

Градоначалникот Ристов ја претстави Општина Конче на културната манифестација “Македонски ден” во Швајцарија

Златко Ристов е повторно кандидат за градоначалник на Општина Конче

Општина Конче започна со расчистување на дел од локалните улици

Градоначалникот на Општина Конче со демант на изнесените „клевети“ како што вели, против него како градоначалник
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



