Connect with us

Радовиш

Денеска и утре во Радовиш се одржуваат 49 Караманови поетски средби

Avatar

Published

на

Денеска и утре во Радовиш се одржуваат 49 Караманови поетски средби, кој годинава се одржуваат во просториите на ОНБ „Браќа Миладиновци“. Добредојде на присутните гости и поети учесници во манифестацијата им посака Борче Панов, претседател на Карамановите поетски средби.

Поздравно обраќање во името на градоначалникот Ацо Ристов, имаше секретарот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец.

Беседа за Ацо Караманов имаше проф.д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писатели на Македонија, кој се осврна и за големината на Ацо Караманов, читајќи дел од неговата поезија напишана на само16 години, пред прерано да згасне неговиот живот.

Во рамките на манифестацијата денеска беше одбележан и Јубилејот 65 години постоење на ОНБ „Браќа Миладиновци“, во Радовиш. Директорти Станој Петров се осврна на почетоците на библиотекта во 1957 година, односно пред 65 години, на иницијатива на Морис Романо, кога таа била сместена во приватна куќа на местото на сегашната куќа на Методија Ценев со фонд од само 500 книги.

Во продолжение следуваше кратско поетско читање во чест на Караманов и претставување на наградените поети со интернационалната награда „Ацо Караманво 2022“.

Промоција на наградената книга „Животот на сликарите“ од Константин Северин и „Осудените градови“ од Хозе Едуардо Деграсија  изврши проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска. Како и промоција на Поетската антологија на 49 Караманови поетски средби од страна на Борче Понав.

На крајот следуваше доделување на наградата „Караманов“ за 2022 година на Мисоски за книгата „ЕФЕМИДИ“ која утре на вториот ден од карамановите средби, ќе биде промовирана.

Инаку Карамановите поетски средби и годинава се одржуваат под покровителство на Општина Радовиш финансирани преку ОНБ Браќа Миладиновци, а во организација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш и Советот на Карамановите поетски средби. Манифестацијата беше пропратена со музички варијации од маестралните Ицов и Таушанов.

Радовиш

СОУ Коста Сусинов од Радовиш, домаќин на најмасовното образовно рандеву МАСУМ

Avatar

Published

на

СОУ Коста Сусинов од Радовиш денеска беше домаќин на најмасовното образовно рандеву МАСУМ, кое има натпреварувачки карактер и за прв пат се одржува во Радовиш.

Околу 1500 ученици од 45 училишта од Република Македонија денеска ги претставија своите програми и своите вештини и квалитети. Настанот го отвори директорот Миле Арсов, а свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов.

Радовиш денеска вриеше од ученици и наставници, како во средното училиште така и по улиците, како и во Музејот на лубовта и уметноста и библиотеката Браќа Миладиновци.

Прочитај повеќе

Радовиш

Физичка пресметка на улица во Радовиш, нарушен јавниот ред и мир

Avatar

Published

на

Физичка пресметка на улица во Радовиш во која учествувале и двајца малолетници.

На 09.05.2024 во 19.10 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.М.(20), М.Т.(19) и двајца малолетници, сите од село Ињево, радовишко, од една страна и А.К.(35) од Радовиш, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

Европскиот караван на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Радовиш

Avatar

Published

на

СДСМ одржа Митинг во Радовиш каде пред граѓаните ја презентираа својата програма и ја побараа поддршката, но и потсетија зошто да не се гласа за противничката политички партија.

„Ако десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ добие преголема моќ, тоа ќе стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми, крај на борбата за независно судство.

Не дозволувајте ВМРО да продава евтини демагогии за иднината. Сетете се како неговиот ментор од Будимпешта ја ограби и ја зароби државата. Сетете се на повеќе од пола милијарда евра народни пари потрошени за криминалниот проект Скопје 2014. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор кои ги запишуваа по списоци, пикаа по автобуси и носеа на контра протести во Скопје, на натепаните студенти. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци и фамилијата која беше на власт,“ порача пред радовишани петседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Радовиш.

Ковачевски од Радовиш порача: Во среда гласајте ЗА европска иднина, за држава во која ќе сакаат да останат вашите деца!

Свое обраќање имаа и кандидатот за пратениик од Радовиш Симона Цветаноски, носителот во ИЕ4 Венко Филипче и коносителот во ИЕ4 Јована Тренчевска.

„ Сега повеќе од било кога ни е потребно единство.Исправени сме пред одлучувачки момент за иднината на државата, но и иднината на СДСМ. Предизвикот пред нас е голем. По резултатот во првиот круг, нè чека тешка задача да ги подобриме работите. Тешка, но не и невозможна задача е пред нас која може да ја оствариме ако се обединиме на 8 мај, истакна носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче кој се обрати на централниот митинг во Изборната единица 4 што се одржа во Радовиш.

Кандидатот за пратениик од Радовиш Симона Цветаноски, ја побара поддршката од Радовишани притоа спомнувајќи дека и како одговорно лице на Здравствен дом Радовиш работела во интерес на граѓаните и дека така ќе продолжи и во иднина.

Прочитај повеќе