Connect with us

Радовиш

По четврти пат РАДОВИШКА ЕТНО СОФРА во организација на хуманитарно здружение „Верица“ од Радовиш

Avatar

Published

на

По четврти пат успешно се организира хуманитарниот настан Радовишка Етно Софра, во организација на хуманитарното здружение Верица од Радовиш. Околу 250 жени ја покажаа својата хуманост купувајќи од подготвените домашни производи но и се забавуваа со музика и дружење меѓусебе.

Средствата собрани  на овој хуманитарен  настан како што кажа Верица Ефнушева Ценева која е организатор на настанот ќе бидат донирани на дневниот центар Порака од Радовиш и на трите деца од Радовиш кои останаа без родители и за кои се грижи нивната баба.

Подготвените производи од шарената и богата Етно софра се продаваа по пат на лицитација почнувајќи од 150 денари, достигнувајќи цена и до 1300 денари.

За настанот да биде уште поинтересен беше организирана и богата лотарија. Дамите и овде не штедеа, купуваа талончиња со цел да донираат уште повеќе. Целиот настан беше пропратен со добра музика и забава.

Радовиш

Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.

Прочитај повеќе

Радовиш

Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче

Avatar

Published

на

Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.

Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш

Avatar

Published

на

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.

 Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.

Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.

На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.

Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

Прочитај повеќе