Здравје

Јапонско јаболко или рајско јаболко

Јапонско јаболко или рајско јаболко (латински: Diospyros kaki) е дрвенесто растение од семејството Ebenaceae, познато во целиот свет како каки јаболко. Јапонското јаболко може да расте како повеќе дрвја израснати од истиот корен или како само едно дрво, може да достигнат висина од 7,5 метри. Расте најдобро во области со умерено ладни зими и не премногу топли лета

Плод

Ова дрво дава плодови во секое годишно време, во зависност од видот, како и плодовите кои можат да бидат во форма на обично јаболко, срце, сплескани или долгунести. Исто така, постојат големи разлики во големината и тежината на јапонското каки јаболко – од неколку стотици грама до скоро килограм. Бојата на јапонското каки јаболко, оди од светложолто-портокалова до темнопортокалово-црвена. Целото овошје може да се јаде, освен цветот и семето. Тоа достигнува целосна форма, арома и боја само кон крајот на сезоната на растење, на средината на есента. Плодот има специфична чувствителност на температурни промени и мрзнее на температури под -15 °. Високата концентрација на танините кај незрели плодови обезбедува горчлив вкус, а кога се комбинира со доволна количина на каротеноиди во овошјето, делува како силен антиоксидант

Медицински аспект

Јапонското јаболко е богато со флавоноиди, особено кверцетин, што го прави пожелна состојка во третманот на кардиоваскуларни заболувања. Источната традиционална медицина го користи само јапонското јаболко за да помогне во лекувањето на цревните воспаленија, хемороиди, заболувања на желудникот и црниот дроб. Еден плод од јапонското јаболко содржи 12,6 мг витамин Ц, кое претставува 21% од препорачаната дневна доза на овој витамин.Исто така, плодот од јапонското јаболко има многу растителни влакна и со тоа го намалува нивото на холестерол во крвта и учествува во регулирање на варењето

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago