Македонија

ЛЕВИЦА оддаде почит на гробот на Тито на денот на Републиката 29-ти ноември

По повод Денот на Републиката кој секоја година се славеше во поранешна СФРЈ како најголем и најзначаен државен празник, пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, го посетија вечното почивалиште на најголемиот државник на овие простори – Јосип Броз Тито (Белград), под чие водство против фашистичките сили и домашните предавници, македонските партизани победија во Војната и Револуцијата.

„Македонците и антифашистичката Идеја победија! Победија заедно со сите братски југословенски народи, за на 29-ти ноември 1943 година, на Второто заседание на АВНОЈ, партизаните ја прогласат прогресивната работничка држава, во која македонскиот народ за прв пат, национално ослободен и класно рамноправен со останатите југословенски братски народи, ќе го забележи своето историско место и цивилизациско право за градење на сопствена држава, без отчет кон туѓи интереси.

Татковината на нашите предци и на нашето потомство – МАКЕДОНИЈА, во која македонскиот народ ја создава својата судбина, повторно е втурната во виорот на мрачните сили, кои водат кон расчеречување и враќање во одамна надминатото време од пред извојуваната Слобода.

Под раководство на пробугарската СДС, деновиве се одвива најцрната кампања против Левица. Истото СДС, чие раководство со потпишувањето на Преспанскиот договор и капитулацијата пред неофашистичките барања на Бугарија го исплука гробот на Тито и ги згази идеалите на македонските партизани, на НОБ и на АСНОМ“, се вели во објавата од Левица.

Целата објава на следниот линк: https://www.facebook.com/PartijaLevica

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago