Македонија

Министерството за финансии во октомври заштедило 44 % на електричната енергија

Министерството за финансии во октомври 2022 година со примена на мерките за заштеда на електрична енергија евидентира помала потрошувачка од 44 % во споредба со потрошувачката на електрична енергија во истиот месец во 2021 година.

„Заштедата е резултат на примена на мерките, не само во централниот објект на Министерството за финансии, туку и во 34-те подрачни одделенија и 17 трезорски канцеларии низ целата држава.

Податоците покажуваат дека во текот на октомври 2022 година се потрошени 100.000 kWh помалку. Примената на мерките обезбеди заштеда на електрична енергија во текот на септември 2022 за 32 %.

Министерството за финансии и вработените во оваа институција продолжуваат и во наредниот период со примената на воведените мерки, што овозможуваат рационално користење на ресурсите, а притоа непречено одвивање на целокупниот процес на работа.

Мерките што ги презема Министерството за финансии се дел од пакетот што го усвои Владата со цел да се намали потрошувачката на електричната енергија кај државните и јавните институции, со цел да имаме сигурност и безбедност во снабдувањето со електрична енергија во текот на зимата. Пакетот содржеше и препораки за заштеди до населението и компаниите“, соопштуваат од ресорното Министерство.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago