Одбележани 10 ГОДИНИ ОД ОСВЕТУВАЊЕТО на манастирскиот храм “Свети Ѓеоргиј” во Ораовица
Одбележан јубилејот 10 години од осветувањето на
манастирскиот храм “Св. вмч. Георгиј” во с. Ораовица – Радовишко.
По тој повод Неговото Високопреосвештенство
Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на Митрополитот
Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј и
свештенослужители од Повардарската, Кумановско-осоговската и Брегалничката
Епархија, во
неделата отслужија Света
Архиерејска Литургија.
На крајот од Светата Литургија Митрополитот Повардарски г. Агатангел одржа содржајна беседа, a испрати и порака луѓето да веруваат во својата вера, во Православната црква, да си помагаат меѓусебе и да си ја сакаат својата земја Македонија .
Говор одржа и ктиторот Николајчо Николов, кој во оваа прилика даде Благодарници на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион на сегашниот и на претходните градоначалници на Радовиш и на многу други луѓе кои дале посебен придонес во градењето на манастирскиот комплекс “Св. вмч. Георгиј” во с. Ораовица.
На одбележувањето на 10 годишниот јубилејот во манастирскиот комплекс беше отворена и спомен соба која ќе сведочи за историјата на манастирто но и за сите признанија и награди за ктиторот Николајчо кој ги добил во неговиот работен век.