Сеул ја доби
својата прва линија на самоуправувачки автобуси во петокот, како дел од
експериментот за кој инженерите велат дека има за цел да ја направи јавноста
поудобна со возилата без возач на патот. Новото возило не изгледа како обичен
автобус: тоа е целосно симетрично, со заоблени рабови и големи прозорци кои го
прават повеќе да личи на играчка отколку на најсовремена форма на транспорт.
Тој дизајн е намерен, рече Јеонг Сеонг-ѓјун, шеф на автономното возење во 42
Dot, стартапот одговорен за технологијата за автономно возење, сега во
сопственост на јужнокорејскиот Hyundai.
Тоа е иднината,
изјави тој за АФП, додавајќи дека таков автобус бара нов вид на извонреден
дизајн.
Автобусот
изгледа малку „како Лего“ бидејќи е направен од композитни делови за да ги
намали трошоците и да го олесни реплицирањето, објаснува Јеонг. Според него,
целта на компанијата била во иднина технологијата да биде евтина, безбедна и
лесно пренослива на многу видови возила, на пример возила за испорака.
Засега, под
близок надзор на возачот, автобусот сам ќе вози по новата кружна рута долга 3,4
километри во центарот на Сеул, која ќе трае приближно 20 минути.
Луѓето можат да
се качат на една од двете назначени постојки откако ќе резервираат бесплатно
место преку апликацијата. Автобусот користи камера и ласер наместо скапи
сензори за навигација, додаде Јеонг.
На денот на
воведувањето на новата автобуска линија, во петокот, многумина минувачи
изгледаа заинтригирани од дизајнот на автобусот. Застанаа да го фотографираат и
да ѕирнат внатре.