Радовиш

Рудникот Бучим со соопштение во врска со суспендираниот раководител кој се најде на црната листа на САД

Како одговор на неодамнешната изјава на Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департаментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ) за воведените санкции насочени кон наводното руско учество во рударскиот сектор во Гватемала, во име на Солвеј Инвестмент Груп, Рудникот Бучим од Радовиш соопштува дека Солвеј не е руска компанија и нема никакви деловни односи со Русија.

„Солвеј Инвестмент Груп („Солвеј“) швајцарска семејна компанија, вклучувајќи ги сите подружници, вработени, службеници и директори ја сфаќаат оваа одлука многу сериозно и веруваат во строго почитување на сите владини прописи и закони во своето деловно работење. Солвеј целосно соработува со Владата на САД преку својата американска адвокатска фирма Сејден Лоу Груп (Seiden Law Group LLP). Активно се истражуваат фактите и околностите кои довеле до наводното однесување на двајцата, сега веќе суспендирани вработени, према кои се насочени воведените санкции. Би сакале да напоменеме дека према Солвеј не се воведени санкции и притоа планираме транспарентно да го решиме ова прашање што е можно поскоро. Исто така, потенцираме дека санкционираниот субјект Мајаникел (Mayaniquel) не è и никогаш не бил дел од Солвеј Инвестмент Груп. 

Подружниците на Солвеј, рудникот за никел во Гватемала (CGN), фабриката за преработка на метал Пронико во Централна Америка, Гватемала (Pronico), не сè и никогаш не биле контролирани од споменатите санкционирани физички лица. Овие ентитети и Солвеј не се во сопственост, поврзани или во соработка со претставници на руската влада.  Лицата, кон кои се воведени санкции,  Дмитриј Кудрјаков и Ирина Литвињук кои долги години имаа раководни позиции во подружниците, веднаш се суспендирани од нивните работни позиции во очекување на исходот од истрагата од страна на надворешен правен бранител.

Нагласуваме дека Солвеј Инвестмент Груп не е предмет на неодамнешната одлука на Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департаментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ) за воведените санкции насочени кон руското учество во рударскиот сектор во Гватемала и не е субјект кој спаѓа во рамки на наложените санкции.

Повторуваме дека Солвеј не е руска компанија и нема никакви деловни односи со Русија. Уште на 3 март 2022 година, Солвеј јасно го искажа својот став против војната во Украина и најави повлекување од своите единствени два инвестициски и оперативни проекти во Русија кои претставуваат помалку од 10% од глобалните операции на Групацијата и легално го заврши овој процес“, стои во СООПШТЕНИЕТО ВО ВРСКА СО НЕОДАМНЕШНАТА ИЗЈАВА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА КОНТРОЛА НА СТРАНСКИ ИМОТИ ПРИ ДЕПАРТАМЕНТОТ ЗА ФИНАНСИИ НА САД (OFAC – ККСИ). 

Линк до објавата на Солвеј Инвестмент Груп: https://solwaygroup.com/2022/11/18/in-response-to-the-recent-statement-by-the-us-department-of-the-treasury/

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago